Цел на проектот е постигнување на значително позитивно влијание, одржлива промена и трајни подобрувања во подобниот прекуграничен регион, во однос на проценката на ризик од поплави, превенција, управување и ублажување на последиците од поплавите на територијата на Валандово и општина Кресна.
Цели на проектот се: да се постигне интегриран мониторинг, евалуација и превенција од поплави во прекуграничниот регион, преку специјализирана опрема за мониторинг на водите; подобрување на подготвеноста за итни случаи и интервенција во случај на поплави, воведување на заеднички систем за управување со ризикот од поплави во двете општини; придонес за развој на униформен прекуграничен концепт за проценка на ризик од хидро-метеоролошки феномени, развој на методологија за заедничка проценка на ризикот, градење на капацитети.