Skip to content

Изработка на урбанистички планови

Краток опис на проектот

Врз основа на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој одобрени се финансиски средства за изработка на урбанистички планови за 21 населено место во 8 општини во Југоисточниот плански регион.

Урбанистичките планови ќе бидат изработени согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ бр. 199/14 и 44/15) и други законски решенија од областа на геодетските работи, животна средина.

Во рамките на овој проект ќе се изработи Геодетска подлога, Планирање на просторот, Урбанистички план, Ревизија на урбанистички план и Стратешка оцена за влијанието на животната средина поединечно за секое 21 населено место.

Цели на проектот:

Изработка на Геодетска подлога, Планирање на просторот, Урбанистички план, Ревизија на урбанистички план и Стратешка оцена за влијанието на животната средина за следниве населени места:

  •  с. Босилово, с. Моноспитово, с. Дрвош, с. Бориево – о. Босилово;
  •  с. Владевци, с. Анѓелци – Градашорци, о. Василево;
  •  с. Милетково, с. Моин, с. Давидово – о. Гевгелија;
  •  с. Нов Дојран – о. Дојран;
  •  с. Дедино, с. Лубница, с. Габревци – о. Конче;
  •  с. Борисово, с. Мокрино, с. Старо Коњарево – о. Ново Село;
  •  с. Дамјан, с. Ињево, с. Подареш – о. Радовиш;
  •  с. Дабиље, с. Добрејци – о. Струмица.

Партнери

Општина Босилово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Општина Радовиш, Општина Струмица

Вкупен буџет

23.169.340,00 денари

Финансиран од

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Општина Босилово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Општина Радовиш и Општина Струмица

Резултати

  • Изработени урбанистички планови за село за 21 населено место во 8 општини во Југоисточниот плански регион со кои понатаму ќе се овозможи организирано планирање на просторот во самите населени места.

Времетраење

24 месеци

Веб страна

Врз основа на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој одобрени се финансиски средства за изработка на урбанистички планови за 21 населено место во 8 општини во Југоисточниот плански регион.

 

Галерија

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram