Skip to content

Инсталирање на обновливи енергетски извори и подобрување на енергетската ефикасност во Струмјани и Василево

Краток опис на проектот

Со проектот се предвидува енергетски ефикасно осветлување во Струмјани и спроведување на енергетски ефикасни градежни активности, како и осветлување во општина Василево. Со проектот ќе се  едуцира и јавноста за прашања од животната средина и истиот се очекува да  ја зголеми инклузивноста и грижата за животната средина. На тој начин, проектот ќе има долгорочно влијание врз намалувањето на потрошувачката на електрична енергија и греење во двете општини, со што ќе се намали емисијата на CO2 во прекуграничната област. Администрациите на Василево и Струмјани ќе ги намалат трошоците за одржување на училиштата и уличното осветлување. Целните инвестиции ќе ја намалат емисијата на CO2 за 20% за секоја општина,  преку намалување на потрошената енергија за 35% во споредба со почетната точка за секоја од нив.  Проектот ќе го зголеми капацитетот на локалните јавни установи за спроведување на мерки за енергетска ефикасност и користење на ИОЕ.

Партнери

Општина Струмјани Благоевград, Општина Василево

Вкупен буџет

247.339,15 €

Финансиран од

Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Република Северна Македонија 2014-2020

Резултати

Главни резултати: размена на експертизата и капацитетот на 30 претставници од општинските администрации за спроведување на политиките за енергетска ефикасност, споделување на добри и лоши практики од енергетски-ефикасното управување со јавната инфраструктура во општините Василево и Струмјани; ангажирање на надворешен предавач за презентирање на добри ЕЕ и ИОЕ практики и методи на јавна инфраструктура од прекуграничниот регион и од странство, со што ќе се обезбеди можност за вработените во општината да се запознаат со позитивните практики во областа на ЕЕ и ИОЕ во јавната инфраструктура; зголемување на капацитетот на 30 претставници од општинските администрации и на раководните лица со  јавната инфраструктура во Струмјани и Василево – примена на нови технологии со далечинско управување на системите за греење, иновативни технологии за изолација, ново ЕЕ греење, системи за автоматско управување знаа контрола на осветлување, ИОЕ во јавната инфраструктура и комбинирана примена; монтирани 424 LED улични светилки за безбедност на сообраќајот и луѓето преку ноќ; намалување на емисиите на CO2 генерирани од потрошувачката на електрична енергија за 20% и намалување на потрошената енергија за улично осветлување за 35% во однос на потрошената енергија пред воведување на LED осветлување; подобрување на енергетската ефикасност на општинската зграда со површина од 121,41 м2, намалување на емисиите на CO2 за 20% преку инвестицијата во основното училиште “Гоце Делчев” во Седларци, кадешто  потрошената енергија на зградата ќе биде помала за 20 % во споредба со почетната точка пред инвестицијата.

Времетраење

18 месеци

Веб страна

Со проектот се предвидува енергетски ефикасно осветлување во Струмјани и спроведување на енергетски ефикасни градежни активности, како и осветлување во општина Василево. Со проектот ќе се едуцира и јавноста за прашања од животната средина и истиот се очекува да  ја зголеми инклузивноста и грижата за животната средина.

Галерија

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram