Skip to content

Младите лица – новите промотори на културниот идентитет на прекуграничниот регион

Краток опис на проектот

Главната цел на проектот беше поттикнување на соработката во областа на одржливиот туризам, преку подобрување на информираноста на заинтересираните страни за заедничкото културно наследство и културните настани во прекуграничниот регион, заедничка промоција и валоризација на општото и уникатно културно наследство, подобрување на соработката меѓу регионалните институции од областа на културниот туризам, развој на иновативни алатки и мрежа за соработка за промоција и користење на заедничкото културно наследство на регионот.

Проектните активности опфаќаа спроведување на прекуграничен конкурс на тема “Сподели го културното наследство на твојот регион”, креирање на младински кампови за културни промотори (Прво и Второ ниво), развој на заеднички календар на културните манифестации и настани во прекуграничниот регион, развој на иновативен онлајн софтвер, веб – портал и социјални мрежи за организирање и промовирање на културни манифестации и настани Креирање и популаризација на кратки видео презентации на културните и младинските организации од целниот прекуграничен регион, создавање на мрежа на млади културни промотори од прекуграничниот регион, дискусионен форум во Република Северна Македонија и Завршна конференција во Република Бугарија.

Основните групи кои  имаа полза од резултатите на проектот се културните и младинските организации, локалните власти, образовните институции, невладините организации во сферата на културата, туризмот и регионалниот развој и младите луѓе од целниот регион, со ефекти врз населението од област Благоевград  (14 општини) и населението на Југоисточниот плански регион (10 општини).

Партнери

Туристички Сојуз - Струмица, Југоисточен регион, Здружение Бизнис Информативен и Консалтинг Центар - Сандански, Благоевград

Вкупен буџет

115.916,52 €

Финансиран од

Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Република Северна Македонија 2014-2020

Резултати

Со реализацијата на проектот, ќе се постигнат следниве резултати и придобивки:

  • Зајакната свест на засегнатите страни, целните групи и останати чинители за заштита и зачувување на заедничкото културно наследство, културните настани, манифестации, вредности и организации од прекуграничниот регион на двете земји.
  • Подобрена промоција и зголемена валоризација на заедничкото и уникатно културно наследство од прекуграничниот регион на двете земји.
  • Промовирана соработката меѓу регионалните чинители во областа на културниот туризам.
  • Развиени и изработени иновативни алатки, активности и идеи за промоција и валоризација на заедничкото културно наследство и културни оператори од прекуграничниот регион.
  • Промовирана инклузијата и учеството на младите лица во процесот на промоција и валоризација на заедничкото културно наследство од прекуграничниот регион.
  • Зголемена поддршка и подобрено иновативно и креативно размислување, вмрежување и модерни вештини на младите лица од прекуграничниот регион.
  • Воспоставена одржлива мрежа за промоција, соработка и валоризација на заедничкото културно наследство од прекуграничниот регион.

Времетраење

15 месеци

Веб страна

Главната цел на проектот беше поттикнување на соработката во областа на одржливиот туризам, преку подобрување на информираноста на заинтересираните страни за заедничкото културно наследство и културните настани во прекуграничниот регион

Галерија

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram