Проектот „Паметна електрична енергија за згради“ – Центар за стручна извонредност има за цел да развие Центри за стручно усовршување во областа на паметната електрична енергија за згради, кои ќе ги поддржат регионалните специјализации и ќе создадат хабови на знаење за извонредност во стручното образование.
„Паметна електрична енергија за згради“ – Центар за стручна извонредност
Краток опис на проектот
Проектот „Паметна електрична енергија за згради“ – Центар за стручна извонредност има за цел да развие Центри за стручно усовршување во областа на паметната електрична енергија за згради, кои ќе ги поддржат регионалните специјализации и ќе создадат хабови на знаење за извонредност во стручното образование.
Главните цели се развој на флексибилни VET системи, ажурирани наставни програми, иновативни педагошки методи и транспарентен механизам за сертификација. Проектот ќе интегрира дигитални и претприемнички вештини за усовршување на електричарите и подобрување на нивната конкурентност на пазарот на труд.
Партнери
Грчки Медитерански Универзитет - Грција, ECTE - Европски центар за обуки за вработување - Грција, ТУВ - Австрија, Националната конфедерација на здруженија на компании за инсталација и одржување на енергија и течности (CONAIF) - Шпанија, Институт за унапредување на развојот и обуки - Шпанија, МЛАКООП - Шпанија, ИНСТАГИ – Бизнис здружение на инсталатери и одржувачи на Гипузкоа - Шпанија, Фондација ЗУБИГУНЕ - Шпанија, Конзорциум на социјални претпријатија СРЛ ЕНАИП – Италија, Иновативен Хаб КОМО НЕКСТ - Италија, BUILDTECH - Италија, Политехнички Институт на Порто - Португалија, ДИГИТАЛМЕНТЕ Нови Комуникациски Технологии - Португалија, АТЕРМОН – Холандија, Индустриска и трговска комора Ханија – Грција, Институт за учење и развој на Берлин – Германија, Емкице КИЦ - С. Македонија, Сојуз на Стопански Комори - С. Македонија, Центар за развој на Југоисточниот плански регион – С. Македонија.
Вкупен буџет
3 милиони евра
Финансиран од
Европска Комисија преку ERASMUS-EDU-2023-PEX-COVE Програмата
Резултати
- Воспоставување на Центри за стручна извонредност:
- Развиени се Центри за стручна извонредност за поддршка на паметната специјализација на регионот.
- Обезбедени меѓународни центри за знаење за системите за стручна обука (VET), кои служат како референтни точки за унапредување на професионалните вештини.
- Јакнење на капацитетите за иновации и енергетска ефикасност:
- Промовирани се енергетски ефикасни и одржливи решенија за згради, усогласени со приоритетите на Европската унија.
- Поттикнат е развојот на паметни технологии и решенија за управување со електрична енергија во градежниот сектор.
- Транснационална соработка:
- Проектот обединува организации од седум ЕУ земји: Грција, Италија, Шпанија, Португалија, Германија, Холандија и Северна Македонија.
- Создадена е динамична мрежа за соработка со цел унапредување на стручната извонредност на европско и светско ниво.
- Развој на работната сила:
- Организирани се обуки за усовршување и преквалификација на професионалци во градежниот сектор.
- Поддржани се иницијативи за мобилност на работната сила, кои ги олеснуваат размената на знаења и вештини.
- Локален и национален развој:
- Вклучени се три национални партнери: Емкице КИЦ, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и ССКМ – Сојуз на стопански комори на Македонија, кои имаат клучна улога во спроведувањето на проектот.
- Обезбедена е платформа за иновации, развој на нови технологии и професионална едукација.
Времетраење
4 години
Веб страна
https://sebcove.eu/
Галерија
Документација
Споделeте го овој проект
Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram