Skip to content

Подобрување на Енергетската Ефикасност на јавни објекти во Југоисточниот плански регион

Краток опис на проектот

Преку овој  проект се предвидува подобрување на енергетска ефикасност и намалување на потрошувачката на eлектрична енергија на јавни објекти во три општини Босилово, Гевгелија и Радовиш односно:

– Реконструкција и адаптација на јавен објект на подрачно основно училиште „Кирил и Методиј“ во с.Секирник – Босилово кое опфаќа реконструкција на кровот со поставување на фотоволтаици, нова термо фасада, промена на дел од внатрешната и надворешна столарија, како и изградба на санитарен јазол во склоп на училишниот објект што ќе резултира со постигнување на заштеди во поглед на трошењето на електричната енергија и подобри услови за учениците и вработените;

– Реконструкција и адаптација на јавен објект Спортски центар „Партизан“ – Гевгелија со реконструкција на кровот, промена на столаријата (прозори, врати) и енергетски ефикасна фасада, со што ќе се овозможи нормално функционирање на објектот, негово затоплување и нормални услови во кои ќе може да се обавуваат спортски активности;

– Реконструкција и адаптација на јавен објект на зграда ТППЕ – Радовиш каде е предвидена целосна реконструкција и адаптација на зградата на ТППЕ во општина Радовиш со површина од 156 м2 со замена на кров, столарија (прозори и врати) и енергетски ефикасна фасада, која ќе резултира со намалени трошоци за одржување на објектот, односно намалување на потрошувачката на енергенси за греење и ладење, како и подобрување на работните услови.

Главната цел на овој проект е создавање на енергетски ефикасен регион преку реконструкција и адаптација на јавни објекти, првенствено во делот на заштеда, производство и употреба на електричната енергија преку унапредување на енергетската инфраструктура и искористување на обновливи извори на енергија.

Партнери

Центар за развој на Југоисточниот плански регион – носител на проектот, Општина Босилово, Општина Гевгелија и Општина Радовиш

Вкупен буџет

32.059.965,00 денари

Финансиран од

Биро за регионален развој, Општина Босилово, Општина Гевгелија и Општина Радовиш

Резултати

  • Подобрени услови за живот и работа на жителите од општините Босилово, Гевгелија и Радовиш
  • Намалени трошоци за одржување на објектите, потрошувачка на енергенси за греење и ладење
  • Унапредување на енергетската инфраструктура на три јавни објекти во општините Босилово, Гевгелија и Радовиш

Времетраење

12 месеци

Веб страна

Преку овој  проект се предвидува подобрување на енергетска ефикасност и намалување на потрошувачката на eлектрична енергија на јавни објекти во три општини Босилово, Гевгелија и Радовиш

Галерија

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram