Skip to content

Подобрување на конкурентноста на МСП во прекуграничниот регион преку поттикнување и промовирање на нетехнолошките иновации

Краток опис на проектот

Проектот има за цел подобрување на капацитетите и конкурентноста на персоналот на малите и средни претпријатија за воведување на нетехнолошки иновации и воспоставување на прекугранична мрежа за размена на искуства, идеи и успешни приказни на иновации помеѓу засегнатите страни. Проектот ке го олесни пристапот до нови и иновативни практики и процеси за подобрување на потенцијалот за раст на бизнисот.

Ќе овозможи развој на алатки / производи за промовирање на иновации (виртуелна академија за учење прилагодена на специфичните потреби на малите и средни претпријатија, on-line решение на е-Саем) со што ке се подобрат капацитетите на вработените во малите и средни претпријатија за воведување на не-технолошки иновации. Форум за иновации, Меѓународна конференција и градење на прекугранична мрежа со која ке се олесни размената на искуства, идеи и успешни иновативни приказни. Проектот е наменет за подобрување на капацитетите на малите и средни претпријатија за воведување на нетехнолошки иновации во прекуграничната област.

Партнери

Здружение Бизнис Информативен и Консалтинг Центар – Сандански Благоевград, Центар за развој и промоција Промо Идеа – Струмица

Вкупен буџет

113.827,21 €

Финансиран од

Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Република Северна Македонија 2014-2020

Резултати

  • Развој на алатки / производи за промовирање на иновации
  • Форум за иновации, Меѓународна конференција и градење на прекугранична мрежа со која ке се олесни размената на искуства, идеи и успешни иновативни приказни
  • подобрување на капацитетите на малите и средни претпријатија за воведување на нетехнолошки иновации во прекуграничната област.

Времетраење

15 месеци

Веб страна

Проектот има за цел подобрување на капацитетите и конкурентноста на персоналот на малите и средни претпријатија за воведување на нетехнолошки иновации

Галерија

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram