Во овој проект активностите се насочни кон заштита и унапредување на животната средина преку подобрување на комуналната инфраструктура и системите за прифаќање на атмосферските и отпадните води во општините Василево, Конче и Струмица.
Активностите предвидени преку овој проект вклучуваат реконструкција и сервисирање на опрема за филтер станица во с.Василево, општина Василево со цел подобрување на квалитетот на водата за пиење на жителите на ова населено место, изградба на прочистителна станица за комунални отпадни води со капацитет од 250 Е. во с. Ракитец, општина Конче и како и уредување на дел од поројот „Крушевска Република“, општина Струмица кој поминува низ централниот дел од градот Струмица во должина од 1450 м и вон урбаниот дел од градот во должина од 1550 м.
Главната цел на проектот е заштита на животната средина и подобрување на квалитетот на животот на жителите во Југоисточниот плански регион, преку подобрување на комуналната инфраструктура и намалување на влијанието и загадувањето од атмосферските и отпадните води.