Skip to content

Прекуграничен забавен центар

Краток опис на проектот

Проектот има за цел воведување и тестирање на иновативен модел за одржлив развој на туризмот во прекуграничниот регион и воспоставување на долгорочна соработка помеѓу учесниците во туризмот во прекуграничниот регион. Проектот има за цел и да ја подигне конкурентноста на туристичката понуда во прекуграничниот регион, а бидејќи целиот проект е изграден околу концептот за Прекуграничен забавен центар, создава атрактивни и иновативни понуди, кои можат да ја зголемат значително побарувачката на туризмот во прекуграничниот регион.

Партнери

Пирински туристички форум Благоевград, Здружение еколошко друштво Планетум - Струмица

Вкупен буџет

107.337,45 €

Финансиран од

Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Република Северна Македонија 2014-2020

Резултати

Проектот го стимулира туризмот како реална долгорочна алтернатива за прекуграничната зона помеѓу Бугарија и Македонија преку создавање на мрежа меѓу туризмот и бизнисот поврзан со туризмот од двете страни на границата, како и обезбедување на заедничка платформа за одржување на оваа мрежа. Членовите на мрежата ке работат заедно за да развијат нови иновативни предлози за туризам и на тој начин да отворат неискористени можности на регионот.

Времетраење

15 месеци

Веб страна

Проектот има за цел воведување и тестирање на иновативен модел за одржлив развој на туризмот во прекуграничниот регион и воспоставување на долгорочна соработка помеѓу учесниците во туризмот во прекуграничниот регион.

Галерија

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram