Проектот има за цел да се подобри управувањето со отпадот и спречување на загадувањето во прекуграничната област , подобрувајќи ги знаењата во врска со негативното влијание од несоодветно управување со отпадот, последици за животната средина и животот. Амбициозна програма за работа на проектот претставува интегриран пристап во областа на образованието, како и управувачки акции во заедницата за отстранување на нелегалните депонии и спречување на загадувањето. Овој пристап ќе се реализира преку развој на различните алатки (Заедничката програма за обука WasteEDU, EduBook “Животен циклус на отпад”, мапирање на софтвер и веб-портал), кој може да се користи во процесот на основното образование на децата и да се промовира во рамките на: различни градења на капацитетите, обука (Заеднички Зелени училишта и кампови) и настани за вмрежување (Форум за дискусија и Конференција) кои ќе се реализираат во текот на проектот.
Целните групи кои ќе бидат вклучени во проектот се: ученици, училиштата, невладини организации, здруженија и други организации кои поддржуваат еколошки иницијативи и иницијативи за младите, мали и средни претпријатија кои работат во областа на управувањето со отпадот, регионални и локални власти.