Проектот има за цел да го поддржи формирањето на интегриран пристап во прегуграничната област во делот на децентрализирано производство на енергија од обновливи извори и воведување на решенија за енергетска ефикасност. Реализацијата на проектот ќе ги стимулира локалните бизниси и ќе придонесе за оптимизација на вкупната потрошувачка на енергија и трошоците.
Една од основните цели е да се подобри свеста и зголеми интересот на целната група и чинители од прекуграничниот регион за децентрализирани енергетски решенија и искористување на потенцијалот од обновливите извори на енергија и нивните главни бенефиции: еколошки; економски (намалени трошоци и енергетска независност); ефикасност (квалитет на електрична енергија и издржливост); зачувување на ресурсите (со користењето на ОИЕ); сигурност и безбедност. Во таа насока, проектот го промовира концептот, главните технологии и придобивките за индивидуални станбени објекти, деловни и јавни објекти.