Стремежот кон поконкурентна и подинамична економија базирана на знаење, која е способна за економски развој, креирање на повеќе работни места и развој на подобрена социјална кохезија, несомнено зависи од успешноста на претпријатијата, особено малите и средни претпријатија – МСП.
Преку овој проект ќе се формира Регионален Бизнис Центар со кој ќе се овозможи да се подобрат знаењата во врска со карактеристиките на претприемништвото, да се зголеми вработеноста, да се подобрат вештините и бизнис капацитетите на локалните производители, преработувачи и трговци.
Исто така ќе се создаде можност за подобрување на комуникацијата и соработката помеѓу бизнисите, претприемачите, земјоделците, како и институциите и органите кои се поврзани со развој на претприемништвото помеѓу општините во планскиот регион, со самото тоа ќе се влијае на севкупниот економски развој во планскиот регион.
Цели на проектот:
- Воспоставување партнерство и комуникација меѓу малите и средни претпријатија, претприемачи, земјоделци и други субјекти;
- Обезбедување на јавен сервис према сите деловни субјекти и пошироко со обезбедување потребни информации за:
– отварање нови бизниси
– унапредување на бизнисите
– воведување на иновации и технологии итн.
Резултати од проектот:
- Подобрени знаења во врска со карактеристиките на претприемништвото и вработувањето во регионалната област;
- Подобрени вештини и бизнис капацитети на локалните производители, преработувачи и трговци (земјоделците, малите индустрии);
- Креирана комуникација за соработка меѓу бизнисите на претприемачите, на земјоделците, како и на институции и органи кои се поврзани со развој на претприемништвото во регионот.
- Подобар економски развој и креирање на повеќе работни места во Југоисточниот плански регион.