Skip to content

Реконструкција и адаптација на објекти наменети за Домови на културата во с.Стојаково – Општина Богданци, с. Радово – Општина Босилово и с. Ракитец – Општина Конче

Краток опис на проектот

Моментално објектите кои се наменети за Домови на културата во с.Стојаково – Општина Богданци, с. Радово – Општина Босилово и с. Ракитец – Општина Конче се дотраени и се во многу лоша, руинирана и неупотреблива состојба. Ваквата сосотојба во овие објекти оневозможува нивно користење за организирање на манифестации од различен вид од страна на жителите во овие населени места.

Преку овој проект ќе се овозможи реконструкција и адаптација на три Домови на културата во следниве населени места: с.Стојаково – Општина Богданци, с. Радово – Општина Босилово и с. Ракитец – Општина Конче. Исто така ќе се изврши нивно опремување со соодветна опрема, ќе се постави комплетна инфраструктура, а ќе се изврши и уредување на дворното место околу самите објекти.

Со реконструкцијата и предавањето во употреба на овие домови на културата жителите на населените места Стојаково, Радово и Ракитец ќе добијат простории каде што ќе можат меѓусебно да се дружат, да организираат разни манифестации, средби и состаноци. Домот на културата ќе можат да го користат месните заедници, здруженијата на пензионери, здруженијата на жени, на младинци, спортските друштва, односно сите граѓани што ќе имаат потреба за тоа.

Цели на проектот:

Реконструкција и адаптација на Културни домови во следниве населени места:

  •  с. Стојаково – о. Богданци;
  •  с. Радово – о. Босилово;
  •  с. Ракитец – о. Конче.

Партнери

Општина Босилово, Општина Конче, Општина Богданци

Вкупен буџет

16.898.404,00 денари

Финансиран од

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Општина Богданци, Општина Босилово и Општина Конче

Резултати

  • Реконструирани и адаптирани Домови на културата во 3 населени места: с. Стојаково – Општина Богданци, с. Радово – Општина Босилово и с. Ракитец – Општина Конче;
  •  Зголемен број на организирани манифестации, средби и состаноци;
  •  Подобрени услови за живот на жителите од овие населени места.

Времетраење

12 месеци

Веб страна

Моментално објектите кои се наменети за Домови на културата во с.Стојаково – Општина Богданци, с. Радово – Општина Босилово и с. Ракитец – Општина Конче се дотраени и се во многу лоша, руинирана и неупотреблива состојба. Ваквата сосотојба во овие објекти оневозможува нивно користење за организирање на манифестации од различен вид од страна на жителите во овие населени места.

Галерија

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram