Skip to content

Реконструкција и адаптација на објекти наменети за Културни домови во с.Стојаково – општина Богданци, с. Радово – општина Босилово и с. Ракитец – општина Конче

Состојба на проект

Реализирани проекти

Датум на отпочнување

март 22, 2016

Датум на реализација

јуни 30, 2018

ТИП НА ФИНАНСИРАЊЕ

Национални фондови

БУЏЕТ (ДЕНАРИ)

16898404

Моментално објектите кои се наменети за Културни домови во с.Стојаково – општина Богданци, с. Радово – општина Босилово и с. Ракитец – општина Конче се дотраени и се во многу лоша, руинирана и неупотреблива состојба. Ваквата сосотојба во овие објекти оневозможува нивно користење за организирање на манифестации од различен вид од страна на жителите во овие населени места.

Преку овој проект ќе се овозможи реконструкција и адаптација на три Културни домови во следниве населени места: с.Стојаково – општина Богданци, с. Радово – општина Босилово и с. Ракитец – општина Конче. Исто така ќе се изврши нивно опремување со соодветна опрема, ќе се постави комплетна инфраструктура, а ќе се изврши и уредување на дворното место околу самите објекти.

Со реконструкцијата и предавањето во употреба на овие културни домови жителите на населените места Стојаково, Радово и Ракитец ќе добијат простории каде што ќе можат меѓусебно да се дружат, да организираат разни манифестации, средби и состаноци. Домот на културата ќе можат да го користат месните заедници, здруженијата на пензионери, здруженијата на жени, на младинци, спортските друштва, односно сите граѓани што ќе имаат потреба за тоа.

Цели на проектот:

Реконструкција и адаптација на Културни домови во следниве населени места:

  •  с. Стојаково – о. Богданци;
  •  с. Радово – о. Босилово;
  •  с. Ракитец – о. Конче.

Резултати од проектот:

  • Реконструирани и адаптирани Културни домови во 3 населени места: с. Стојаково – општина Богданци, с. Радово – општина Босилово и с. Ракитец – општина Конче;
  •  Зголемен број на организирани манифестации, средби и состаноци;
  •  Подобрени услови за живот на жителите од овие населени места.

Галерија

Парнерски општини: Општина Босилово, Општина Конче, Општина Богданци
Документација 

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram