Skip to content

Создравање на прекугранична мрежа помеѓу општинските експерти за програми и проекти во прекуграничниот регион – ПМ-НЕТ

Краток опис на проектот

Проектот „Создравање на прекугранична мрежа помеѓу општинските експерти за програми и проекти во прекуграничниот регион – ПМ-НЕТ“ има јасен прекуграничен карактер и создава иницијални контакти помеѓу општинските експерти и го олеснува протокот на информации кои се однесуваат на минати, сегашни и идни проекти на општините.

Со тоа ќе биде достапна јасна оценка на потребите и приоритетите на секоја општина што создава предуслови за размена на искуства и добри практики, како и заеднички развој и управување на идните проекти.

Со проектот се развива софтвер за подобро управување и унифицирање на информациите за општинските проекти за создавање на заедничка база на податоци со завршени, тековни и идни општински проекти, се зголемува експертскиот потенцијал на учесниците во мрежата преку обуки и се создава предуслови за идентификација и подготовка на заеднички проекти кои се однесуваат на целиот прекуграничниот регион.

Цели на проектот:

  • Воспоставување на прекугранична мрежа за размена на информации за проектите на општинско ниво;
  • Подобрување на ефикасноста во управувањето со проекти, преку развој и користење на специјализиран софтвер.

Партнери

Асоцијација на југозападните општини - Благоевград, Република Бугарија

Вкупен буџет

3.710.047,00 денари

Финансиран од

ИПА Програмата за Прекугранична соработка Р.Бугарија - Р. Македонија 2007-2013

Резултати

  • Основна прекугранична мрежа и информациски канал за размена на информации за проектите од општинско ниво;
  • Развиен софтвер за управување на проекти;
  • Развиена интернет платформа со базата на податоци за општинските проекти.

Времетраење

12 месеци

Веб страна

Проектот „Создравање на прекугранична мрежа помеѓу општинските експерти за програми и проекти во прекуграничниот регион – ПМ-НЕТ“ има јасен прекуграничен карактер и создава иницијални контакти помеѓу општинските експерти и го олеснува протокот на информации кои се однесуваат на минати, сегашни и идни проекти на општините.

Галерија

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram