Skip to content

Создравање на прекугранична мрежа помеѓу општинските експерти за програми и проекти во прекуграничниот регион – ПМ-НЕТ

Состојба на проект

Реализирани проекти

Датум на отпочнување

мај 30, 2011

Датум на реализација

мај 30, 2012

ТИП НА ФИНАНСИРАЊЕ

Меѓународни фондови

БУЏЕТ (ДЕНАРИ)

3710047

Проектот „Создравање на прекугранична мрежа помеѓу општинските експерти за програми и проекти во прекуграничниот регион – ПМ-НЕТ“ има јасен прекуграничен каратер и создава иницијални контакти помеѓу општинските експерти и го олеснува протокот на информации кои се однесуваат на минати, сегашни и идни проекти на општините. Со тоа ќе биде достапна јасна оценка на потребите и приоритетите на секоја општина што создава предуслови за размена на искуства и добри практики, како и заеднички развој и управување на идните проекти. Со проектот се развива софтвер за подобро управување и унифицирање на информациите за општинските проекти за создавање на заедничка база на податоци со
завршени, тековни и идни општински проекти; се зголемува експертскиот потенцијал на учесниците во мрежата преку обуки и се создава предуслови за идентификација и подготовка на заеднички проекти кои се однесуваат на целиот прекуграничниот регион.

Цели на проектот:

  • Воспоставување на прекугранична мрежа за размена на информации за проектите на општинско ниво;
  •  Подобрување на ефикасноста во управувањето со проекти, преку развој и користење на специјализиран софтвер.

Очекувани резултати:

  • Основна прекугранична мрежа и информациски канал за размена на информации за проектите од општинско ниво;
  • Развиен софтвер за управување на проекти;
  • Развиена интернет платформа со базата на податоци за општинските проекти.

Галерија

Парнерски општини: Асоцијација на југозападните општини Република Бугарија
Документација 

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram