Skip to content

Уредување на излетнички места на Габровски водопади – Општина Струмица, Смрдлива вода – Општина Гевгелија, Смоларски и Колешински водопади – Општина Ново Село, за збогатување на туристичката понуда во Југоисточниот регион

Краток опис на проектот

Југоисточниот регион има изобилство од оригинални природни убавини коишто претставуваат основен потенцијал за развој на туризмот.
Со цел збогатување на туристичката понуда во Југоисточниот регион преку овој проект се предвидува уредување на излетничките места на Габровски водопади – Општина Струмица, Смрдлива вода – Општина Гевгелија и Смоларски и Колешински водопади – Општина Ново Село.

За Габровските водопади се предвидува подобрување на условите за пристап до изворите и престојот кај самите водопади односно со раззеленување и уредување на пристапот околу водопадите во исто време се предвидува и олеснување на пристапот до локацијата на водопадите со моторни возила и автобуси и паркинг простор.

Кај туристичкиот локалитет Смрдлива вода во Гевгелија се предвидуваат изградба на две патеки, еден мал амфитеатар за помали културно-забавни случувања со капацитет од 60 до 70 посетители, како и четири летниковци. Самото партерно уредување на овој простор и збогатувањето со содржини би требало да има за цел привлекување на посетители кои би дошле овде заради забава и рекреација посебно во топлите летни денови.
Исто така со овој проект се предвидува да се реши осветлувањето на Смоларскиот и Колешинскиот водопад, уредување на патеките и оградите, реновирање на дрвените платформи, а се предвидува и поставување на урбана опрема.

Цели на проектот:

  • Уредување на излетнички места:
  • Габровски водопади – Општина Струмица;
  • Смрдлива вода – Општина Гевгелија;
  • Смоларски и Колешински водопади – Општина Ново Село.

Партнери

Општина Гевгелија, Општина Ново Село, Општина Струмица

Вкупен буџет

11.156.077,00 денари

Финансиран од

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Општина Гевгелија, Општина Ново Село и Општина Струмица

Резултати

  • Уредени излетнички места Габровски водопади – Општина Струмица, Смрдлива вода – Општина Гевгелија и Смоларски и Колешински водопади – Општина Ново Село;
  • Збогатена туристичка понуда во Југоисточниот регион;
  • Зголемен број на туристи.

Времетраење

12 месеци

Веб страна

Југоисточниот регион има изобилство од оригинални природни убавини коишто претставуваат основен потенцијал за развој на туризмот. Со цел збогатување на туристичката понуда во Југоисточниот регион преку овој проект се предвидува уредување на излетничките места на

 

Галерија

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram