Skip to content

Уредување на излетнички места на Габровски водопади – општина Струмица, Смрдлива вода – општина Гевгелија, Смоларски и Колешински водопади – општина Ново Село, за збогатување на туристичката понуда во Југоисточниот регион

Состојба на проект

Реализирани проекти

Датум на отпочнување

март 22, 2016

Датум на реализација

јуни 30, 2018

ТИП НА ФИНАНСИРАЊЕ

Национални фондови

БУЏЕТ (ДЕНАРИ)

11156077

Југоисточниот регион има изобилство од оригинални природни убавини коишто претставуваат основен потенцијал за развој на туризмот.
Со цел збогатување на туристичката понуда во Југоисточниот регион преку овој проект се предвидува уредување на излетнички места на Габровски водопади – општина Струмица, Смрдлива вода – општина Гевгелија и Смоларски и Колешински водопади – општина Ново Село.

За Габровските водопади се предвидува подобрување на условите за пристап до изворите и престојот кај самите водопади односно со раззеленување и уредување на пристапот околу водопадите во исто време се предвидува и олеснување на пристапот до локацијата на водопадите со моторни возила и автобуси и паркинг простор.

Кај туристичкиот локалитет Смрдлива вода во Гевгелија се предвидуваат изградба на две патеки, еден мал амфитеатар за помали културно-забавни случувања со капацитет од 60 до 70 посетители, како и четири летниковци. Самото партерно уредување на овој простор и збогатувањето со содржини би требало да има за цел привлекување на посетители кои би дошле овде заради забава и рекреација посебно во топлите летни денови.
Исто така со овој проект се предвидува да се реши осветлувањето на Смоларскиот и Колешинскиот водопад, уредување на патеките и оградите, реновирање на дрвените платформи, а се предвидува и поставување на урбана опрема.

Цели на проектот:

  • Уредување на излетнички места:
  • Габровски водопади – о. Струмица;
  • Смрдлива вода – о. Гевгелија;
  • Смоларски и Колешински водопади – о. Ново Село.

Резултати на проектот:

  • Уредени излетнички места Габровски водопади – о. Струмица, Смрдлива вода – о. Гевгелија и Смоларски и Колешински водопади – о. Ново Село;
  • Збогатена туристичка понуда во Југоисточниот регион;
  • Зголемен број на туристи.

Галерија

Парнерски општини: Општина Ново Село, Општина Струмица, Општина Гевгелија
Документација 

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram