Skip to content

Ефикасно користењена сончевата енергија за подобра иднина – SP FUTURE

Состојба на проект

Реализирани проекти

Датум на отпочнување

јули 23, 2012

Датум на реализација

јули 22, 2014

ТИП НА ФИНАНСИРАЊЕ

Меѓународни фондови

БУЏЕТ (ДЕНАРИ)

27073322

Во рамките на проектот партнерите ќе работат на ублажување на загадувањето од јаглерод и на унапредување на обновливите извори на енергии, со што ќе се овозможи одржливост на екосистемот и заштита на животната средина во прекуграничната област.
Овој проект ќе ги мотивира општинските тела во прекуграничниот регион да земат пример и да инвестираат во нови еколошки погони, со што ќе се промовира користењето на обновливите енергии. Од друга страна, со двојазичниот Водич за наставници во основните училишта ќе се овозможи соработка помеѓу наставниците од прекуграничната област.
Партнерството помеѓу двете земји е потребно за да се обезбеди квалитет на имплементацијата, како и активна соработка помеѓу општините кои се истовремено и сопственици на училиштата каде што ќе бидат имплементирани инвестиционите мерки. Пред сè, директната интеракција со учениците во прекуграничниот регион ќе обезбеди долготрајно влијание врз еколошкото однесување.

Цели на проектот:

  • Подобрување на постоечките дизајни кои ќе придонесат за ублажување од загадувањето на животната средина како на пример за одржување развој на пограничниот регион, корисен за локалните жители (во регионите на Југозападна Бугарија и Југоисточна Македонија).

Резултати од проектот:

  • Две основни училишта се енергетско-ефикасни и користат обновливи извори на енергија, според еколошките стандарди на ЕУ за енергетска ефикасност/ користење на соларни панели;
  • Промоција на регионални, обновливи проекти;
  • Подготовка на предлог-програма за намалување на загадувањето од јаглерод во општина Струмица и општина Петрич;
  • Годишните трошоци за користена електрична енергија во основните училишта се намалени до 50%;
  • Десет наставници се обучени како peer-едукатори во регионите (Југоисток во Македонија и Југозапад во Бугарија);
  • Мрежа на наставници што работат на еколошки теми;
  • Изработен Водич за наставници за наставен план (за основно образование);
  • Организирана една студиска посета;
  • Основана регионална енергетска програма за основно образование е основана;
  • 200 ученици од основните училишта во двата прекугранични региони се обучени за обновливи извори на енергија, вклучувајќи биомаса, хидроенергија, геотермална, ветер и сончева енергија.

Галерија

Парнерски општини: Општина Струмица (Р. С. Македонија), Општина Петрич (Р. Бугарија), Асоцијација на Југозападните општини - Благоевград (Р. Бугарија)
Документација 

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram