Skip to content

Интегриран пристап во развојот на туризмот на Југоисточниот плански регион

Состојба на проект

Реализирани проекти

Датум на отпочнување

декември 16, 2020

Датум на реализација

ноември 15, 2010

ТИП НА ФИНАНСИРАЊЕ

Национални фондови

БУЏЕТ (ДЕНАРИ)

1076632

Развојот на туризмот е важен развоен приоритет на Југоисточниот регион затоа што нуди бројни можности за развој на бизниси и нови работни места, но и затоа што ја поддржува целта на регионалниот развој во извозот и директните инвестиции. Економскиот бенефит е огромен за луѓето кои работат во овој сектор и за секоја општина.

Конкретната цел е да се воспостават основни предуслови за регионален пристап во развојот на туризмот во Југоисточниот плански регион до крајот на 2010 година, со што ќе придонесе во подобрување на условите за живот на граѓаните од регионот, зголемен број на туристи и зголемен приход од туризмот.

Со проектот ќе се изработи Студија за развој на туризмот во целиот регион во која ќе се идентификуваат сите туристички потенцијали и истата ќе се фокусира на принципот на одржлив развој кој предвидува искористување на потенцијалите без негативно влијание врз животната средина и природата. Ќе се изработи промотивен материјал, туристичка сигнализација и ќе се формира регионално тело за управување со туризмот.

Проектот ќе даде насоки за одржлив развој на туризмот, ќе биде основа за понатамошни развојни проекти, а воспоставеното регионално тело ќе ги координира сите активности кои се во рамките на проектот.

Цели на проектот:

  • Подобрување на условите за живот, особено на граѓаните кои директно или индиректно се вклучени во туризмот;
  • Зголемен приход од туризмот во регионот;
  • Зголемен број на домашни и странски туристи во регионот.

Резултати од проектот:

  • Изработена студија за развој на туризмот;
  • Туристички промотивен материјал;
  • Подобрена туристичка сигнализација;
  • Формирано регионално тело за развој на туризмот.

Галерија

Парнерски општини: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Општина Радовиш, Општина Струмица
Документација 

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram