Проектот „Кон прекугранична област, безбедна за срцето“ има за цел да набави нова опрема за итната медицинска помош во прекуграничниот регион меѓу Грција и Северна Македонија. Со набавка на нови амбулантни возила, ЕКГ апарати, дефибрилатори и обуки за здравствени работници и граѓани, ќе се овозможи побрза и поефикасна реакција при срцев удар и други итни случаи.
Проектот „Кон прекугранична област, безбедна за срцето“ има за цел да набави нова опрема за итната медицинска помош во прекуграничниот регион меѓу Грција и Северна Македонија. Со набавка на нови амбулантни возила, дефибрилатори, ЕКГ апарати и обуки за здравствени работници и граѓани, ќе се овозможи побрза и поефикасна реакција при срцев удар и други итни случаи.
Главниот фокус на проектот е зајакнување на здравствениот систем и подобрување на подготвеноста на заедниците во прекуграничниот регион меѓу Грција и Северна Македонија за справување со срцеви удари и итни здравствени случаи.
Клучните цели се:
-
унапредување на капацитетите за итна медицинска помош преку набавка на нова опрема, дефибрилатори, ЕКГ апарати и амбулантни возила,
-
обука на здравствени работници и граѓани за основна и напредна животна поддршка (BLS, ILS, ALS),
-
зголемување на свесноста и подготвеноста на населението за справување со здравствени кризи.
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион има клучна улога во реализацијата на активностите во Северна Македонија. Центарот е одговорен за набавка на четири амбулантни возила, ЕКГ апарати и дефибрилатори за четирите здравствените домови во регионот, како и за координација на обуките и промотивните активности. Со своето учество, Центарот ќе придонесе за подобрување на пристапот до примарна здравствена заштита и зајакнување на капацитетите на локалните заедници.
