Skip to content

„Модернизација на регионот – набавка на специјализирани возила“

Краток опис на проектот

Проектот опфаќа повеќе меѓусебно поврзани активности за подобрување на комуналните услуги и локалната инфраструктура. Во рамки на проектот, за Општина Струмица е предвидена набавка на специјализирано комунално возило, додека во Општина Василево е предвидена изградба на локален пат во населеното место Старо Владиевци.

Цели на проектот

Општата цел на проектот е подобрување на квалитетот на живот на населението и зајакнување на одржливиот регионален развој во Југоисточниот плански регион преку унапредување на комуналната и локалната инфраструктура, подобрување на управувањето со отпадот и создавање подобри услови за мобилност и пристапност.

Специфичните цели вклучуваат подобрување на капацитетите за управување со комуналниот отпад во Општина Струмица, подобрување на локалната патна инфраструктура во Општина Василево, намалување на негативните влијанија врз животната средина и подобрување на пристапот до основните услуги за локалното население.

Активност во Општина Струмица – Набавка на специјализирано комунално возило

Во Општина Струмица проектот предвидува набавка на специјализирано комунално возило, со кое ќе се зајакнат капацитетите за собирање и управување со комуналниот отпад.

Новото возило ќе овозможи поефикасно извршување на комуналните услуги, подобра организација при собирањето и транспортот на отпадот и подобрување на јавната чистота. Со оваа инвестиција се очекува намалување на ризикот од несоодветно управување со отпадот и диви депонии, како и намалување на негативните влијанија врз животната средина и здравјето на населението.

Активност во Општина Василево – Изградба на пат во населено место Старо Владиевци

Во Општина Василево проектот предвидува изградба на локален пат во населеното место Старо Владиевци, во должина од околу 350 метри.

Активноста е насочена кон подобрување на локалната патна инфраструктура и обезбедување подобра мобилност и пристапност за жителите. Подобрената инфраструктура ќе придонесе за побезбедно и полесно движење, подобар пристап до основните услуги и создавање поповолни услови за секојдневниот живот и локалниот економски развој. Како директен резултат во проектната апликација е предвиден изграден локален пат од 350 метри во Општина Василево.

Партнери

Општина Струмица, Општина Василево, Општина Босилово

Вкупен буџет

10.495.697 денари.

Финансиран од

Проектот е финансиран преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2026 година, со средства обезбедени преку Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој, со кофинансирање од Општина Струмица и Општина Василево.

Резултати

Со реализацијата на проектот се очекува:

    • набавка и ставање во функција на едно специјализирано комунално возило за Општина Струмица;
    • подобрување на капацитетите за собирање и управување со комуналниот отпад;
    • намалување на ризикот од создавање диви депонии и негативното влијание врз животната средина;
    • изградба на околу 350 метри локален пат во населеното место Старо Владиевци, Општина Василево;
    • подобрена мобилност и пристапност за локалното население;
    • подобрен пристап до јавните и комуналните услуги;
    • создавање подобри услови за локален економски развој и зголемување на квалитетот на живот во Југоисточниот плански регион.

Времетраење

7 месеци

Веб страна

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, во партнерство со општините Струмица, Василево и Босилово, го реализира проектот „Модернизација на регионот – набавка на специјализирани возила“, насочен кон подобрување на квалитетот на живот на населението и создавање подобри услови за рамномерен и одржлив регионален развој.

 

Галерија

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram