Skip to content

Поставување на урбана опрема на Кочулски водопади

Состојба на проект

Реализирани проекти

Датум на отпочнување

јули 6, 2018

Датум на реализација

март 15, 2019

ТИП НА ФИНАНСИРАЊЕ

Национални фондови

БУЏЕТ (ДЕНАРИ)

2760264

Туризмот е една од главните стратешки цели во Програмата за развој на Југоисточниот плански регион. Југоисточниот плански регион располага со многу туристички локациии и можности за развој за туризмот. Потенцијалите со кои располага регионот се основаат за развој на туризмот, но сами по себе не се доволни за привлекување на домашни и странски туристи. За туризмот да има поголем удел во економскиот развој на регионот, неопходно е континуирано инвестирање во туристичката инфраструктура, подобра презентација на туристичката понуда како и зајакнување на капацитетите на човечките ресурси.
Планината Беласица претставува една од најважните и најубавите туристички дестинации во Југоисточниот плански регион, па затоа треба да се негува и континуирано да се инвестира за нејзиното уредување, заради целосно искористување на нејзините потенцијали. Вложувањето во развој во нови туристички атракции како „Поставување на урбана опрема на Кочулски водопади“ ќе има позитивно влијание врз развојот на туризмот во целиот регион.
Во моментот, водопадите ги посетуваат локалното население од општина Валандаво и дел од планинарските друштва од регионот, но со нивното уредување се отвара можноста да во иднина почесто го посетуваат поголем број на локални жители, граѓани од регионот како и странски туристи кој уживаат во туристички места од таков тип.
Со реализирањето на овој проект ќе се добие уредено туристичко место каде што граѓаните ќе можаат да се рекреираат и уживаат во природните убавини.

Цели на проектот:

  • Поставување на урбана опрема, клупи, летниковци и патокази;
  •  Креирање на нова туристичка мапа во Југоисточниот плански регион;
  •  Зголемување на бројот на посетители;
  •  Подобрување на пристапот до Кочулските водопади со патокази;

Резултати од проектот:

  • Поставена урбана опрема;
  •  Зголемен број на посетители од општината;
  •  Зголемен број на посетители од Регионот;
  •  Одбележени пристапни патеки до водопадите;

Галерија

Парнерски општини: Општина Валандово
Документација 

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram