Skip to content

ЈУГОИСТОЧНИОТ РЕГИОН – МОЖНОСТ ЗА НОВИ ТУРИСТИЧКИ АВАНТУРИ!

Состојба на проект

Датум на отпочнување

февруари 1, 2024

Датум на реализација

ТИП НА ФИНАНСИРАЊЕ

Национални фондови

БУЏЕТ (ДЕНАРИ)

11.811745

Во Југоисточниот плански регион постојат можности за развој на широк спектар на туристички активности поврзани со повеќе видови на туризам.

Со овој проект во општина Василево ќе се изгради современа инфраструктура во должина од 280 м и ќе се овозможи лесен пристап до прекрасниот манастир „Свети Ѓорги“ кој е опкружени со природни убавини и ќе стане привлечно место за посета не само од страна на локалното население, туку и на голем број туристи кои посетувајќи ги другите манастири во Југоисточниот регион ќе го посетат и манастирот во с. Дукатино.

Во општина Богданци со реконструкција на патниот правец во должина од 760 метри – с.Стојаково – с.Ѓавото (втора фаза),ќе овозможи зголемена промоција на туристичката понуда на регионот со тоа што овој пат води до црквата „Успение на Пресвета Богородица“

Реконструкцијата и поплочување на постоечките патеки, обновување на старата и поставување на нова ограда на местата каде истата не е поставена,  поставување на 1 нов дрвен мост, поставување на 5 метални конструкции за паркинг на велосипеди, поставување на 2 сообраќајни знаци, 4 информативни табли, 20 корпи за отпадоци и 15 монтажни клупи на туристички локалитет Смоларски водопади ќе му дадат нов урбан дух.

На излетничкото место Пирго ќе се изврши реконструкција на постоечките и поставување на 2 нови летниковци, одбележување на паркинг место, поставување на 5 детски реквизити на детско игралиште, изградба на 1 одбојкарско игралиште, 1 традиционална фурна, 15 корпи за отпадоци, 3 информативни табли, 5 паркинг конструкции за велосипеди и 1 сообраќаен знак, како и реконструкција и доградба на амфитеатарот каде туристите и локалното население ќе можат да добијат прекрасно место каде активно ќе го поминат слободното време опкружени со исконската убавина на планината Беласица.

Резултати

-Подобрување на состојбата со патна инфраструктура во регионот;

-Развивање на туризмот и зголемување на туристичката понуда во регионот;

-Зголемување на понудата на излетнички места од регионот каде граѓаните ќе можат да го минат слободното време.

Галерија

Парнерски општини: Општините Василево, Богданци, Ново Село
Документација 

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram