Skip to content

Подобрување на комуналните услуги во Југоисточниот плански регион преку набавка на возило за општина Богданци

Краток опис на проектот

Проектот има за цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните во општина Богданци преку унапредување на системот за управување со отпад. Недостатокот на современа механизација претставува значителен проблем за редовното собирање и транспорт на отпад, што придонесува за создавање на диви депонии и загадување на животната средина.
Со набавката на специјализирано возило за собирање отпад ќе се овозможи поефикасно управување со отпадот, подобра јавна хигиена и одржлива животна средина. Возилото ќе се користи и флексибилно во соседните општини во случаи на потреба, што ќе придонесе кон зголемена меѓуопштинска соработка и поефикасно користење на ресурсите.

Партнери

Центар за развој на Југоисточниот плански регион - носител на проектот, Општина Богданци

Вкупен буџет

4.978.300 денари

Финансиран од

Министерство за локална самоуправа, Општина Богданци

Резултати

🟩 Очекувани резултати

  • Подобрено и поефикасно собирање на отпадот во општина Богданци

  • Намалување на создавањето диви депонии

  • Подобрена хигиена и квалитет на животната средина

  • Зголемена доверба на граѓаните во комуналните служби

  • Зајакнат капацитет на јавното комунално претпријатие

  • Намалени трошоци за одржување на старите возила

  • Отворање на најмалку 2 нови работни места

Времетраење

7 месеци

Веб страна

Проектот има за цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните во општина Богданци преку унапредување на системот за управување со отпад. Недостатокот на современа механизација претставува значителен проблем за редовното собирање и транспорт на отпад, што придонесува за создавање на диви депонии и загадување на животната средина.

Галерија

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram