Заврши шестата финална активност во рамките на проектот „Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“. Во последните два месеци Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во партнерство со Асоцијацијата на Југозападни општини ги спроведе шесте специјализирани обуки наменети за професионалните пожарникари и доброволци од пограничните региони на Р.С. Македонија и Р. Бугарија. Целта на обуките беше збогатување и проширување на знаењата, нови искуства, практични вежби и користење на соодветна опрема во справувањето со шумски пожари, но и други природни и човечки предизвикани катастрофи.
Проектот создаде мрежа на нераскинливи пријателства и врски, како професионални така и приватни. Обуките поминаа во едукација, вежби и натпревар. Натпреварот помина во пријателски дух и беше одлична можност сите да се претстават во најдобро светло и да ги покажат своите вештини пред своите колеги.
Иако повеќето се со долгогодишно работно искуство, сепак сите учесници научија многу нешта и разменија искуства со своите колеги на терен.
Проектот ги сплоти сите доброволни и професионални пожарникари и остави отворени можности за нови проекти, нови идеи и идна соработка.
Вистинските херои се меѓу нас!
Обуките се дел од имплементацијата на проектот за “Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“ финансиран од Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Бугарија и Р. Северна Македонија 2014-2020, проект кој Центарот за развој на Југоисточниот плански регион го спроведува во партнерство со Асоцијацијата на Југозападни општини, Благовеград, Република Бугарија.