Skip to content

Одржана II (втората) Седница на Советот за развој на ЈИПР

ДАТУМ

декември 9, 2025

Категории

На 05.12.2025 година (петок), со почеток во 14:00 часот, се одржа Втората седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион. На седницата беа разгледани и усвоени повеќе точки од значење за унапредување на развојните процеси во регионот.

Советот го усвои Записникот од Првата конститутивна седница и донесе одлуки за примопредавање на:

  • објект – зградата на ТППЕ Радовиш, како дел од проектот „Подобрување на енергетската ефикасност на јавните објекти во Југоисточниот регион“;

  • комунално возило за општина Богданци, дел од проектот „Подобрување на комунален услуги во Југоисточниот плански регион преку набавка на возила за општина Богданци“;

Исто така  Советот донесе одлуки за примопредавање на помошна опрема од вкупно 24 смарт табли за општините: Босилово, Ново Село, Василево и Богданци.

Советот даде согласност за склучување договори за вработување на определено време за проектни асистенти на четири регионални проекти: TX4ALL, FIREDEFEND, GREEN FOR GOOD и HEART SAFE CBA.

На крајот, се отвори дискусија за започнување на подготовките за новата тендерска постапка за дезинсекција – третмани за заштита од комарци.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy