Одржана III седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион
На ден 25.12.2025 година (четврток), со почеток во 14:00 часот, во просториите на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, се одржа III (третата) седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион.
На седницата се усвои записникот од претходната седница, а беа донесни и одлуки поврзани со избор на член од бизнис заедницата, финансискиот и акциониот план за 2026 година на Центарот, имплементација на проекти, активности за дезинсекција, како и презентации на нови технологии, дигиталната платформа мЗаедница и проектите CAAIVE и SEBCoVE.
На оваа седница членовите на Советот беа известени дека за член на Советот од редот на здруженијата беше избран Локална Акциона група Беласица – Огражден, Босилово, претставувано од страна на Г-н Сашо Поповски, а од страна на Стопанска Комора на РСМ беше номиниран Г-н Ристе Скилески за чиј избор беше донесена Одлука од страна на Советот.
Во рамки на седницата, членовите на Советот за развој имаа можност да се запознаат со нови начини и современи технологии поврзани со третман на отпадни води, прскање против комарци и дератизација, како и со дигиталната платформа мЗаедница и проектите CAAIVE и SEBCoVE, насочени кон примена на вештачка интелигенција и дигитализација на јавните услуги.

Одржана II (втората) Седница на Советот за развој на ЈИПР
На 05.12.2025 година (петок), со почеток во 14:00 часот, се одржа Втората седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион. На седницата беа разгледани и усвоени повеќе точки од значење за унапредување на развојните процеси во регионот.
Советот го усвои Записникот од Првата конститутивна седница и донесе одлуки за примопредавање на:
-
објект – зградата на ТППЕ Радовиш, како дел од проектот „Подобрување на енергетската ефикасност на јавните објекти во Југоисточниот регион“;
-
комунално возило за општина Богданци, дел од проектот „Подобрување на комунален услуги во Југоисточниот плански регион преку набавка на возила за општина Богданци“;
Исто така Советот донесе одлуки за примопредавање на помошна опрема од вкупно 24 смарт табли за општините: Босилово, Ново Село, Василево и Богданци.
Советот даде согласност за склучување договори за вработување на определено време за проектни асистенти на четири регионални проекти: TX4ALL, FIREDEFEND, GREEN FOR GOOD и HEART SAFE CBA.
На крајот, се отвори дискусија за започнување на подготовките за новата тендерска постапка за дезинсекција – третмани за заштита од комарци.
Одржана Првата Конститутивна Седница на Советот за развој на ЈИПР
Одржана IV Седница на Советот за социјална заштита на ЈИПР
На закажаната седница на Советот за социјална заштита на Југоисточниот плански регион, која се одржа на 24 декември 2024 година во просториите на Центарот за развој, беше избран нов претседател, Г-н Златко Ристов, градоначалник на општина Конче, со мандат од една година.
Во своето обраќање, новоизбраниот претседател, Г-н Ристов, искрено се заблагодари за укажаната доверба од страна на членовите на Советот, истакнувајќи дека позицијата ја прифаќа со чувство на голема одговорност и посветеност. Тој ја истакна својата заложба за подобрување на социјалната заштита и зајакнување на кохезијата меѓу општините во регионот.
Тој најави и активности насочени кон зајакнување на соработката со локалните власти, невладиниот сектор и меѓународните организации, со цел имплементација на проекти кои ќе овозможат ефикасно справување со социјалните предизвици.
Присутните членови на Советот ја поздравија неговата иницијатива и изразија подготвеност за заедничка работа во насока на постигнување на зацртаните цели.

Одржана XXX седница на Советот за развој на ЈИПР
На 24.12.2024 година во просториите на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион се одржа 30-та Седница на Советот за развој на ЈИПР.
На оваа седница беа усвоени Финансискиот план и Акцискиот план на Центарот за развој за 2025 година. Исто така беа донесени Одлуки за примопредавање на објекти на општините Струмица, Конче, Ново Село и Дојран.

Одржана XXIX Седница на Советот за развој на ЈИПР
Одржана XXVIII Седница на Советот за развој на ЈИПР
XXVIII Седница на Советот за развој на ЈИПР се одржа на 07.08.2024 година. Истата беше одржана онлајн на платформата ЗООМ.
Со потребното мнозинство беше донесена Одлука за согласност за аплицирање и имплементација на предлог проект преку повик Конкурентен фонд за проекти засновани на заедницата за управување со пожари поддржано од Швајцарска Амбасада во Република С.Македонија.
Одржана XXVII седница на Советот за развој ан ЈИПР
На 01.07.2024 година претседателот на Советот за развој на ЈИПР свика итна седница на која десетте општини од Југоисточниот плански регион се координираа во врска со преземање на мерки за заштита и справување со пожарите во Југоисточниот плански регион. На оваа седница беше донесен заклучок со кој градоначалниците бараа закажување на состанок во најкраток можен рок со Министерот за животна средина, како и други релевантни државни институции со цел решавање на проблемот со депонијата во с.Добрашинци.
Исто така на седницата беше донесена и одлука за согласност за аплицирање и имплементација на проект преку повик за поднесување на предлог проекти за Подготовка на техничка документација за инфраструктурни проектипреку Фондот за техничка документација.


Одржана XXVI седница на Советот за развој на ЈИПР
На 14.05.2024 година беше одржана XXVI седницата онлајн на платформата ЗООМ.
На дневен ред беа ставени точки за примопредавање на фотоволтаичен систем инсталиран на спортската сала и училиштето „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш, за кои средства беа обезбедени преку Грантовата шема. Исто така беше добиена и согласност за склучување на анекс на Договор за вработување на определено време.









