Skip to content

Одржана V седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион

ДАТУМ

април 1, 2026

Категории

На 31 март 2026 година, во просториите на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во Струмица, се одржа петтата седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, со почеток во 14:00 часот.

Во рамки на седницата беа разгледани и усвоени значајни документи кои се однесуваат на работењето на Центарот во текот на 2025 година, вклучително и годишниот извештај за реализација на програмата за развој, завршната сметка, како и извештајот од спроведениот попис. Со нивното усвојување, беше потврдена транспарентноста и ефикасноста во работењето, како и посветеноста кон одржлив и рамномерен регионален развој.

Советот ја нагласи важноста од континуирана соработка помеѓу општините во регионот и Центарот, со цел понатамошно унапредување на економскиот развој и подобрување на условите за живот на граѓаните.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy