Во просториите на општина Радовиш, на 14.04.2022 година се одржа VII (седмата) седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион.
На седницата освен членовите на Советот беа присутни и преставници од СДЦ/Министерството за локална самоуправа, како и Проф. Др. Борис Цизаљ експерт за регионално управување. Исто така беше присутен и Г. Тихомир Петрески надворешен експерт за подготовка на концепт решенија и предлог проекти.
На седницата согласно дневниот ред свое обраќање имаше Проф. Др. Борис Цизаљ, од Р.Словенија, кој ги презентираше своите практики и искуства како долгогодишен експерт во областа на регионалниот развој. Целта на неговата презентација беше преку отворена дискусија со градоначалниците да се утврди кои држави, согласно планираната Студиска посета на членовите на Советот, можат да се посетат и од нив да се земат добри практики кои би биле применливи во Југоисточниот плански регион, која активност е предвидена во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“.
Надворешниот експерт Г. Тихомир Петрески ги презентираше концепт решенијата за аплицирање на проекти преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2022 година со индикативно планирани средства за 2023 година на МЛС/БРР и Грантова шема на Швајцарската Агенција за развој и соработка (SDC), кои беа предложени на Првата форумска сесија, со цел членовите на Советот да се запознаат со предлог концептите и да дадат свое мислење и препораки за подобрување.
На седницата беа усвоени и Кодексот на етика и шест Политики, кои се од особена важност за целокупното работење на вработените во Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Исто така беа усвоени и завршните сметки на Центарот за 2021 година.