ОДРЖАНА VI (ШЕСТАТА) СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ ЗА РАЗВОЈ НА ЈУГОИСТОЧНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН

Советот за развој на Југоисточниот плански регион на 23.03.2022 година во Струмица ја одржа VI (шестата) Седница.

На Седницата беше усвоена Одлуката за вземна активност на општините за третирање против комарци (ларвицидна и адултна форма) на териториите на општините во Југоисточниот плански регион по земјен и воздушен пат за 2022 година, а пред присутните беа презентирани информации за подготовка на проектни концепти во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – II фаза“ по двете Програми:

  • Програма за Грантова шема за инвестициски проекти со дигитална компонента финансирана од Швајцарска Агенција за развој и соработка и Министерство за локална самоуправа;
  • Програма за рамномерен регионален развој за 2022 година со индикативно планирани средства за 2023 година, финансирани од МЛС – БРР.

Од страна на Советот едногласно беше усвоен и Годишниот извештај за реализација на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион за 2021 година.

 

Одржана V (петтата) Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион

На 01.02.2022 година во општина Гевгелија се одржа V (петтата) Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион.

На Седницата беа донесени Одлуки за верификација на мандатот на член на Советот претставник од бизнис заедницат,  Г-н Миле Цеков, претседател на Регионална Стопанска Комора, Струмица и член на Советот претставник од здруженијата, Г-н Ристо Атанасовски, овластено лице на Фондација за локален развој и развој на информатички технологии – Гевгелија кои ќе имаат мандат од четири години без право на глас.

Исто така Советот го усвои Правилникот за внатрешна организација на Центарот, Извештајот за попис за 2021 година, беше дадено позитивно мислење на Правилникот за систематизација на работните места во Центарот за развој на Југоисточниот плански регион како и Правилникот за плати и надоместоци.

Одржана IV (четвртата) Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион

 

Советот за развој на Југоисточниот плански регион на 24.12.2022 година во о.Валандово ја одржа IV (четвртата) Седница.

На Седницата беа усвоени Финансискиот план на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за 2022 година, Акциониот план за спроведување на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион за 2022 година, документи кои Центарот ги подготвува секоја година согласно стратешките цели и мерки од Програмата за развој на Југоисточниот плански регион односно Законот за рамномерен регионален развој.

Дополнително на Седницата беше усвоена и Одлука за донација на возило на општина Босилово. Возило кое беше во сопственост на Центарот, а во иднина ќе служи на општинската администрација во Босилово.

Формиран Совет за социјална заштита на Југоисточниот плански регион

На 24.12.2021 година во просториите на општина Валандово се одржа Конститутивна Седница и се формираше Советот за социјална заштита на Југоисточниот плански регион каде членови се градоначалниците на сите десет општини на Југоисточниот плански регион и директорите на сите Центри за социјална работа во регионот, а Центарот за развој на Југоисточниот плански регион има улога на административно тело.

За претседател на Советот едногласно беше избран градоначалникот на општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов со мандат од една година.

На Седницата беше усвоен Деловникот за работа со кој се уредува начинот на работа на Советот за социјална заштита како и Предлогот за потребата од развивање на социјални услуги во Југоисточниот планскиот регион, видот и начинот на воспоставување на услугите кој Преглед во иднина ќе овозможи да се искористат капацитетите на Центарот за развој и да се аплицира за проекти од областа на социјалната заштита.

Г- нот Јован Манасиевски, експерт од областа на социјалната заштита имаше свое воведно обраќање пред присутните пред кои го нагласи значењето на конституирањето на овој Совет и истакна дека со тоа се прави чекор кон децентрализација на социјалната заштита. Исто така се задржа и ги потенцираше потребите на Југоисточниот регион од областа на социјалната заштита, како што е потребата не само од градење на старечки домови, туку и развивање на мерката помош и нега во домот со што би биле опфатени поголем број на лица на кои им е потребна оваа грижа.

Од големо значење е и потребата од мапирање на социјалните ризици и формирање на Совети за социјална заштита во секоја општина, со цел донесување на Годишни планови за социјална заштита. Со овие планови ќе се дефинираат потребите и општините ќе можат да аплицираат за добивање на грантови, како и користење на европските фондови.

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ја информира јавноста дека на ден 24.12.2021 година (петок) со почеток во 14.00 часот во просториите на општина Валандово ќе се одржи Конститутивна седница на Советот за социјална заштита на Југоисточниот плански регион.

Советот за социјална заштита на Југоисточниот плански регион се основа заради планирање и развој на мрежата на социјални услуги на регионот.

Советот го сочинуваат сите градоначалници на единиците за локална самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион и сите директори на центрите за социјална работа од подрачјето на планскиот регион.

На Конститутивната седница ќе се расправа по следниот:

 

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

 

  1. Конституирање на Советот за социјална заштита на Југоисточниот плански регион
  2. Усвојување на Деловникот за работа на Советот за социјална заштита на Југоисточниот плански регион
  3. Избор на Претседател на Советот за социјална заштита на Југоисточниот плански регион
  4. Усвојување на Предлогот за потребата од развивање на социјални услуги во Југоисточниот планскиот регион, видот и начинот на воспоставување на услугите

 

Со почит,

Центар за развој на Југоисточниот плански регион

ОДРЖАНА III (ТРЕТАТА) СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ ЗА РАЗВОЈ НА ЈУГОИСТОЧНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН

На 13.12.2021 година (понеделник), во општина Дојран, се одржa третата Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион.

На Седницата присуствуваа Градоначалниците од општините во состав на Југоисточниот плански регион и директорката на Центарот за развој на Југоисточниот регион, Жулиета Ѓуркова.

На седница беа поинтирани главните проблеми за долгиот процес кој го отежнува започнувањето со работа на основаното заедничко јавно претпријатие за заловување и третман на бездомни кучиња „АСТРА-ЛУНА“ – Струмица и од тие причини беше  донесена одлука за започнување на постапка за ликвидација на истото и давање на согласност  на општина Струмица за формирање на ново општинско јавно претпријатие кое ќе биде финансирано од нивна страна и во иднина во согласност со законските прописи, истото би било во функција и на соседните општини за минимален надомест по заловено куче.

ОДРЖАНА II (ВТОРАТА) СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ ЗА РАЗВОЈ НА ЈУГОИСТОЧНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН

На 30.11.2021 година (вторник), во општина Гевгелија, се одржa втората Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион.

На Седницата присуствуваа Градоначалниците од општините во состав на Југоисточниот плански регион и директорката на Центарот за развој на Југоисточниот регион, Г-ѓа Жулиета Ѓуркова.

На одржаната седница Г-ѓа Ѓуркова пред присутните ги презентираше сите превземени чекори и активности кои се досега направени во соработка со општините во рамки на проектите „Изградба на две прифатилишта за бездомни животни 1-ва и 2-ра фаза“. По исцрпната дискусија сите Градоначалници се согласија се согласија секој во својата општина заедно со апштинската администрација, населението и советниците да го продискутираат понатамошното функционирање на изградениот стационар па потоа секоја општина да ги даде заклучоците на следната седница на Советот за развој на  ЈИПР.

Г-ѓа Ѓуркова исто така ги презентираше сите превземени чекори и активности за изградбата на регионалната депонија за Југоисточниот плански регион, односно воведувањето на регионалното интегрирано управување со комуналниот цврст отпад во Југоисточниот плански регион.

На оваа седница беше донесена и одлука за примопредавање на објект (пат) изграден во рамките на проектот „Изградба на локалниот пат с. Зубово спој со пат с.Ново Село – с.Мокриево“.

 

 

Советот за развој на Југоисточниот плански регион доби нов Претседател

На 23.11.2021 година во општина Струмица беше одржана првата конституивна Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион на која присуствуваа градоначалниците на десетте општини во регионот, директорката и претставници на Центарот развој на Југоисточниот плански регион.

Согласно дневниот ред на градоначалниците од општините во регионот им беше верификуван градоначалничкиот мандат, а по конституирањето на Советот, за Претседател едногласно беше избран Градоначалникот на општина Гевгелија, Г-н Андон Сарамандов, кој ќе претседава со Советот за развој на Југоисточниот плански регион со мандат од една година. Тој се заблагодари на довербата на своите колеги градоначалници и истакна дека треба предност да им се даде на регионалните проекти кои се издржани и се квалитетни на подолг рок и дека се потребни трајни решенија за подобар и поквалитетен живот и во руралните и во градските средини. На сите градоначалници како членови во Советот на Југоисточен плански регион, обврска им е во наредниот период да го направат овој дел од државата да биде најпривлечен и за инвестиции и за живот.

На Седницата Советот донесе Одлука за отпочнување на постапка за избор на претставник од бизнис заедницата за член во Советот за развој на Југоисточниот плански регион и Одлука за распишување на Јавен повик за избор на член во Советот за развој на Југоисточниот плански регион – претставник од здруженијата кој ќе биде објавен во следниот период. По донесувањето на овие Одлуки, а согласно Законот за рамномерен регионален развој, еден претставник од бизнис заедницата и еден претставник од здружение ќе влезат како членови во Советот за развој на Југоисточен плански регион без право на глас со мандат од четири години.

На крајот од Седницата, Директорката на Центарот за развој на ЈИПР, Г-а Ѓуркова ги информираше членовите на Советот за тековните проекти кои ги реализира Центарот како и за активностите кои се обврска на Советот за развој на Југоисточниот плански регион во наредниот период.

 

Одржана триесеттата (XXX) Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион

Советот за развој на Југоисточниот плански регион, на ден 06.09.2021 година (понеделник), ја одржа триесеттата седница. Поради настаната ситуација со COVID-19, истата беше одржана онлајн на платформата ZOOM.

На Седницата присуствуваа Градоначалниците од општините во состав на Југоисточниот плански регион и директорката на Центарот за развој на Југоисточниот регион, Жулиета Ѓуркова.

На одржаната седница едногласно беа донесени Одлука за одобрување на проектот „Рано откривање на пожарите и нивно движење за превенција и справување со катастрофи“ – eFIDAR со новиот буџет согласно преговорите пред потпишување на договор и Одлука за одобрување на проектот „Деловен екосистем како интегриран систем“ – Be In со новиот буџет согласно преговорите пред потпишување на договор, а се финансирани преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Република Северна Македонија.

Одржана дваесет и деветтата(XXIX) Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион

На 18.08.2021 година (среда) се одржа дваесeт и деветтата (XXIX) Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион,онлајн преку виртуелната платформа ZOOM.

На Седницата присуствуваа Градоначалниците од општините во состав на Југоисточниот плански регион и директорката на Центарот за развој на Југоисточниот регион, Жулиета Ѓуркова.

На одржаната седница беше донесена Одлука за утврдување на учество со членови во Управниот или Надзорниот орган на општините во Заедничкото Јавно претпријатие за заловување на бездомни кучиња „АСТРА-ЛУНА“ – Струмица.
Директорката на Центарот за развој на Југоисточниот регион, Г-а Ѓуркова ги извести членовите на советот дека Заедничкото Јавно претпријатие за заловување на бездомни кучиња „АСТРА-ЛУНА“ – Струмица е регистрирано и согласно одлуката за основање назначен е и В.Д директор ветеринарен лекар Г-а Сузана Стојкова, од страна на претседателот на регионот односно, градоначалникот на општина Струмица Г-ин Коста Јаневски. Од нејзина страна беше образложено дека е неопходно да се издаде Дозвола од Агенцијата за храна и ветеринарство, за да може стационарот да започне со работа. Овие документи мора да бидат одобрени од Управниот одбор, поради што неопходно е негово брзо формирање. Од тие причини им беше даден благовремен рок на Советите на општините да предложат членови на Управниот и Надзорниот одбор, додека Одлуката за избор ќе ја донесе Советот за развој на Југоисточниот плански регион.