До
Локална Акциона Група Беласица – Огражден, Босилово
ЦЕЛОР – Центар за локален развој, Радовиш
Врз основа на член 21 став 13, 14 и 15 од Законот за рамномерен регионален развој („Службен весник на РСМ“ број 24/21, 174/21 241/24 ) и член 6 од Одлуката за распишување на јавен повик за избор на член во Советот за развој на Југоисточниот плански регион – претставник од здруженијата бр. 08-183/7 од 19.11.2025 година, Претседателот на Комисијата за спроведување на јавниот повик за избор на член во Советот за развој на Југоисточниот плански регион – претставник од здруженијата, упатува:
Покана за состанок
до здруженијата кои се пријавиле по Јавниот повик за избор на член во
Советот за развој на Југоисточниот плански регион – претставник од здруженијата
Почитувани,
Како апликанти по Јавниот повик за избор на член – претставник од здруженијата во Советот за развој на Југоисточниот плански регион, Ве покануваме на состанок на ден 22.12.2025 година (понеделник) со почеток во 12:00 часот, во просториите на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион на адреса Бул. Маршал Тито бр.1-1, 2400 Струмица.
На состанокот може да учествуваат сите здруженија кои доставиле Пријава по Јавниот повик, а може да одлучуваат само здруженијата кои ги исполнуваат критериумите од Јавниот повик и тоа преку овластените лица на здруженијата или лица ополномоштени од нив кои се должни да достават:
- полномошно за учество на состанокот за здруженијата кои се пријавиле по Јавниот повик, но не ги исполнуваат критериумите назначени во повикот во оригинал со печат и своерачен потпис од овластеното лице или
- полномошно за учество и одлучување за здруженијата кои се пријавиле и кои ги исполнуваат условите од Јавниот повик во оригинал со печат и своерачен потпис од овластеното лице.
На состанокот, пријавените кандидати кои ги исполнуваат критериумите од Јавниот повик, со мнозинство гласови одлучуваат кој од нив ќе ги претставува во Советот за развој на Југоисточниот плански регион, како член – претставник од здруженијата, без право на глас, со мандат од 4 (четири) години.
Здруженија кои ги исполнуваат критериумите од Јавниот повик се:
- Локална Акциона Група Беласица – Огражден, Босилово
- ЦЕЛОР – Центар за локален развој, Радовиш
Со почит,
19.12.2025 година
Претседател, Ѓоко Ристовски

No comment yet, add your voice below!