Skip to content

HEART SAFE CBA – посилни здравствени капацитети, навремена медицинска помош и прекуграничен регион побезбеден за срцето

ДАТУМ

ноември 16, 2026

Категории

Изминатата недела преку проектот „HEART SAFE CBA – Towards a Cross-Border Area Safe for the Heart“, во рамките на Програмата за прекугранична соработка Interreg VI-A IPA Македонија – Грција 2021–2027 четирите здравствени домови во Југоистокот- Струмица, Радовиш, Гевгелија и Валандово добија нови, современи и целосно опремени амбулантни возила, наменети за унапредување на итната медицинска помош и обезбедување побрза, поефикасна и поквалитетна здравствена услуга за граѓаните.

Секое возило располага со современа медицинска опрема од најнова технологија, а вредноста на поединечното возило со вклучената опрема изнесува приближно 100.000 евра. Опремата овозможува соодветно згрижување, следење на здравствената состојба и навремена реакција при итни медицински состојби, кога секоја минута е од особено значење.

Реализацијата на оваа инвестиција претставува конкретен придонес кон јакнењето на здравствената инфраструктура во Југоисточниот плански регион, подобрувањето на условите за работа на медицинските тимови и зголемувањето на подготвеноста на здравствените установи за навремено и ефикасно справување со итни медицински состојби.

 

 

 

Проектот се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија и националните фондови, а партнери се Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Универзитетската болница АХЕПА од Солун и Здружение за итна предболничка нега на Грција.

Преку прекуграничната соработка и заедничкото вложување во современа медицинска опрема, знаење и човечки капацитети, се создаваат подобри услови за здравствена заштита и побезбедна иднина за граѓаните од двете страни на границата.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy