Проектот ќе придонесе кон главната цел да се интензивира прекуграничната соработка помеѓу луѓето и институциите од регионот со цел заеднички да се одговори на заедничките предизвици
Подобрување на бизнис капацитетите на органските производители во прекуграничниот регион БГ-МК (EBC-OP-CBR)
Целта на проектот е да се подобри конкурентноста на органските производители од пограничниот регион, за да се постигне одржлив развој на капацитетот на органското производство во целниот регион.
Подобрување на конкурентноста на МСП во прекуграничниот регион преку поттикнување и промовирање на нетехнолошките иновации
Проектот има за цел подобрување на капацитетите и конкурентноста на персоналот на малите и средни претпријатија за воведување на нетехнолошки иновации
Зголемување на потенцијалот за претприемништво и вработување на младите преку вмрежување и градење капацитети
Проектот е фокусиран на развој на претприемништво за млади за да се поттикне производството на старт-ап претпријатија, што ќе помогне за подобрување на конкурентноста на регионалната економија.
Академија Старт – ап
Проектот има за цел да изгради капацитет на младите од прекуграничната област во претприемништво, развој на бизнис и менаџмент и презентирање на потенцијал за започнување на нов бизнис преку обуки, едукативни програми и иницијативи за градење на капацитети како пат за успешен бизнис.
Прекуграничен забавен центар
Проектот има за цел воведување и тестирање на иновативен модел за одржлив развој на туризмот во прекуграничниот регион и воспоставување на долгорочна соработка помеѓу учесниците во туризмот во прекуграничниот регион.
Беласица – планината на активните луѓе
Главната цел на проектот е да се зголеми популарноста на Беласица и да се подигне конкурентноста на туристичката понуда на прекуграничниот регион на транс-граничната скала. Ќе бидат организирани, промовирани и одржани голем број на алтернативни туристички иницијативи во двете земји.
Зголемување на конкурентноста на регионалниот туризам преку поддршка на развојот на руралниот и културниот туризам во прекуграничниот регион
Имплементацијата на проектот имаше позитивно влијание врз развојот на туристичкиот производ на прекуграничниот регион. Развиени се нови алатки и активности за промоција на уникатното културно наследство во регионот преку создавање на каталог со автентични населби и традиции.
Афирмација на природните и културните вредности во пограничниот регион за подобра видливост и пристап
Проектот имаше за цел да воспостави одржлива соработка помеѓу Општина Гевгелија и Агенцијата за економски развој на Банско, заснована врз имплементација на иницијативи од областа на туризмот поврзани со подобро зачувување и одржливо користење на богатото природно и културно наследство во прекуграничниот регион.
Зголемување на туристичкиот потенцијал на општините Ќустендил и Конче – одржлива заедничка иднина
Главната цел на проектот беше да се подобри пристапноста до природното наследство во општините Ќустендил и Конче со цел да се искористи потенцијалот на овие ресурси за развој на туризмот од двете страни на прекуграничниот регион преку следниве активности:
