Skip to content

Изградба на локален пат од село Погулево до село Дамјан во должина од 1927,81 метри

Краток опис на проектот

Добрата патна инфраструктура е основа за поврзување, комуникација и развој на економијата помеѓу населени места и помеѓу општините во регионот. Затоа општините од Југоистокот постојано се стремат кон осовременување на патната инфраструктура која е значаен фактор за рамномерниот развој. Преку изградбата на овој патен правец покрај поврзувањето со село Погулево, селото Дамјан ќе биде поврзано и со селото Дедино, општина Конче, бидејќи веќе има изградено асфалтиран пат помеѓу Дедино и Погулево, а преку селото Горни Липовиќ- село Рич се поврзува и со општина Василево и општина Струмица. Реализацијата на овој проект директно ќе влијае врз подобрување на квалитетот на животот на граѓаните од трите општини Радовиш, Конче и Василево како и за сите граѓани кои патуваат кон било кое населено место во регионот. Дополнително, поголем број од работоспособното население од општина Радовиш се занива со земјоделство. За да стигнат до своите парцели, земјоделците овој локален пат го поминуваат со тешкотии најмалку два пати дневно.

Цели на проектот:

  • Подобрување на локална инфраструктура во Југоисточниот плански регион;
  • Изградба на дел од локален пат во должина од 1927,81 метри со која ќе се подобри поврзаноста на општините Радовиш, Конче и Василево.

Партнери

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион - носител на проектот, Општина Радовиш, Општина Василево и општина Конче.

Вкупен буџет

9.453.528.00 денари

Финансиран од

Биро за регионален развој и Општина Радовиш

Резултати

  • Изградба на локалниот патен правец во должина од 1927,81 метри;
  • Зголемување на просечниот годишен дневен сообраќај на делницата с. Дамјан – с. Погулево;
  • Зголемен број на земјоделци кои ќе го користат патот за подобар пристап.

Времетраење

11 месеци

Веб страна

Добрата патна инфраструктура е основа за поврзување, комуникација и развој на економијата помеѓу населени места и помеѓу општините во регионот. Затоа општините од Југоистокот постојано се стремат кон осовременување на патната инфраструктура која е значаен фактор за рамномерниот развој.

 

Галерија

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram