Skip to content

Изградба на локален пат од село Погулево до село Дамјан во должина од 1927,81 метри

Состојба на проект

Датум на отпочнување

април 13, 2022

Датум на реализација

октомври 13, 2022

ТИП НА ФИНАНСИРАЊЕ

Национални фондови

БУЏЕТ (ДЕНАРИ)

9.45352752

Добрата патна инфраструктура е основа за поврзување, комуникација и развој на економијата помеѓу населени места и помеѓу општините во регионот. Затоа општините од Југоистокот постојано се стремат кон осовременување на патната инфраструктура која е значаен фактор за рамномерниот развој. Преку изградбата на овој патен правец покрај поврзувањето со село Погулево, селото Дамјан ќе биде поврзано и со селото Дедино, општина Конче, бидејќи веќе има изградено асфалтиран пат помеѓу Дедино и Погулево, а преку селото Горни Липовиќ- село Рич се поврзува и со општина Василево и општина Струмица. Реализацијата на овој проект директно ќе влијае врз подобрување на квалитетот на животот на граѓаните од трите општини Радовиш, Конче и Василево како и за сите граѓани кои патуваат кон било кое населено место во регионот. Дополнително, поголем број од работоспособното население од општина Радовиш се занива со земјоделство. За да стигнат до своите парцели, земјоделците овој локален пат го поминуваат со тешкотии најмалку два пати дневно.

Цели на проектот:

  • Подобрување на локална инфраструктура во Југоисточниот плански регион
  • Изградба на дел од локален пат во должина од 1927,81 метри со која ќе се подобри поврзаноста на општините Радовиш, Конче и Василево

Резултати од проектот:

  • Изградба на локалниот патен правец во должина од 1927,81 метри
  • Зголемување на просечниот годишен дневен сообраќај на делницата с.Дамјан – с. Погулево
  • Зголемен број на земјоделци кои ќе го користат патот за подобар пристап

Проектот е финансиран од Бирото за регионален развој и општина Радовиш, а имплементиран од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Галерија

Парнерски општини: Општина Радовиш, општина Василево и општина Конче
Документација 

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram