Skip to content

Прекугранична соработка во справување со шумски пожари

Состојба на проект

Датум на отпочнување

февруари 18, 2021

Датум на реализација

февруари 17, 2023

ТИП НА ФИНАНСИРАЊЕ

Национални фондови, Меѓународни фондови

БУЏЕТ (ДЕНАРИ)

24314710

Од блиско минато сведоци сме на серија деструктивни промени кои го зафатија нашето подрачје, но и светот воопшто. Природните катастрофи придонесоа до загуби на човечки животи, економски загуби и најмногу до еколошки промени. Подрачјето во нашиот регион, според статистички податоци е значително повеќе изложено од заканата од пожари од отворен тип и шумски пожари, како последица на високите летни температури, минималните врнежи во текот на годината а посебно во летниот период, како и негрижата и невниманието на човекот, т.е. човечкиот фактор.

Пожарите исто така имаат сериозно влијание врз флората и фауната. Двата погранични региони изобилуват со богати шуми, пасишта и зелени површини кои се од витално значење за двете земји.

Како резултат на пожарите во минатото големи површини од планетата Земја останаа во сивило. Активностите на проектот првенствено ќе бидат насочени кон подигање на свеста кај месното население во двата погранични региони. Зголемената појава на пожари во изминатиот период, како и оскудната опрема со која пожарникарите стапуваат на терен предводеше на идејата за набавка на опрема со која пожарникарите од нашиот регион ќе застанат рамо до рамо со Европските пожарникари.

Главни активности на проектот:

  • Прес-конференции со цел запознавање на јавноста, односно граѓаните на двата региони;
  • Креирање на прекугранична мрежа за превенција и одговор кон природните и еколошки опасности;
  • Спроведување на информативна кампања за промовирање на волонтерство, како и кампања за спречување на шумски пожари;
  • Спроведување специјализирана обука и тренинзи за противпожарните единици и волонтерските здруженија;
  • Набавка на опрема за лична заштита, заштитна облека и друга противпожарна опрема;
  • Завршна конференција на проектот.

Резултати од проектот:

  • Воспоставена прекугранична партнерска мрежа од постојан карактер за превенција и реакција на природни и еколошки опасности;
  • Зголемена јавна свест за придобивките од волонтерството;
  • Зголемена јавна свест за спречување шумски пожари;
  • Зголемен капацитет и набавена опрема на противпожарните единици и волонтерските здруженија од целиот прекуграничен реон;
  • Подобрена квалификација на претставниците на единиците за противпожарна заштита и волонтерските здруженија.

Галерија

Парнерски општини: Центар за развој на Југоисточен плански регион - Струмица, Република Северна Македонија, Асоцијација на Југозападни општини - Благоевград, Република Бугарија
Документација 

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram