Прекуграничната соработка во справување со шумски пожари отвора нови перспективи за регионот

Точно пред две години започнавме со имплементација на проектот и пред нас си поставивме неколку цели.

Главна цел беше да ја подобриме функционалноста на противпожарните единици во регионот кои ќе настапат на терен при гаснење на шумски пожари опремени со комплетна опрема. Нашиот амбициозен план со високо зацртани цели го остваривме, но и постигнавме многу поголем успех во реализацијата на проектот.

Имплементацијата на проектот за „Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“ финансиран од Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Бугарија и Р. С.Македонија 2014-2020 ќе заврши за помалку од еден месец, но постигнатите резултати во регионот ќе бидат видливи и ќе овозможат ефикасно справување со елементарни непогоди на подолг рок.

Најзначајните постигнати цели од овој проект се 112 комплетно опремените пожарникари од нашиот регион, шестте специјализирани обуки со сертифицирани обучувачи за пожарникарите, кампањата за подигање на јавната свест за намалување на шумските пожари и промовирањето на волонтерството во противпожарната служба.

Најголемата придобивка од овој проект е потпишаниот Меморандум за соработка и создавање на прекугранична мрежа за превенција и одговор на природни и еколошки опасности, помеѓу институции и организации од Југоисточниот плански регион во Република С. Македонија и членките – општини на Асоцијација на Југозападни Општини од Република Бугарија, кој ветува многу продуктивна и навремена комуникација помеѓу институциите – членки на Меморандумот на двете држави чијашто визија е прекугранична мрежа за превенција и справување со природни и еколошки опасности во која се вклучени професионалци и експерти од институции, организации и поединци кои во заедничка координација ќе се справуваат со природните и еколошките опасности во прекуграничниот регион.