Skip to content

Промоција на проектите финансирани од Швајцарската Агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа

ДАТУМ

февруари 14, 2020

Категории

На 13 февруари 2020 година, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион на две локации ги промовираше проектите: „Заеднички работен простор – средство за зајакнување на соработката со бизнис секторот“ и „Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина“, реализирани со финансиска поддршка од Швајцарската Агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа.

Настанот започна со посета на терен во општина Василево каде што е поставена една од 23-те Агрометеоролошки станици, а потоа свечената промоција продолжи во просториите на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во Струмица.

Почесни гости на настанот беа Амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија Г-а Сибил Сутер Теада, Министерот за локална самоуправа на Република Северна Македонија Г-н Горан Милевски, Претседателот на Советот за развој на ЈИПР Г-н Коста Јаневски, како и Градоначалниците од општините на Југоисточниот плански регион.

На промоцијата Г-а Жулиета Ѓуркова, Раководител на ЦРЈИПР ги презентираше резулататите од успешно имплементираните проекти и истакна дека ваквите регионални проекти ќе имаат директно влијание врз подобрувањето на квалитетот на живеење, регионалната соработка и ќе промовираат иновативен пристап во обезбедувањето на услугите до сите засегнати страни.

Станува збор за проекти кои беа избрани на партиципативен начин со директно учество на граѓаните од Југоисточниот регион преку Грантовата шема за инвестициски и иновативни проекти овозможени преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“.

На свечениот настан oд страна на Раководителката на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Г-а Жулиета Ѓуркова беше доделена благодарница на Амбасадорката на Швајцарија, Г-а Сибил Зутер Теада за особен придонес за Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој во Југоисточниот плански регион.

Двата проекти кои Центарот за развој на ЈИПР ги промовираше денес ќе придонесат кон подобрување на условите за заштита на животната средина преку воведување на нови технологии во земјоделството, со поставување на 23 агрометеоролошки станици во сите општини во регионот со посебни сензори кои прогнозираат временски услови и болести за одредени земјоделски култури, како и вмрежување со бизнис секторот преку воспоставување на Заеднички работен простор во регионот, за подобрување на претприемничкото опкружување за деловните активности во Југоисточниот регионот.

Галерија

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy