Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот започна со третирање против ларвицидна и возрасна форма на комарци по земјен пат. За разлика од претходните години каде што третирањето беше по авионски пат, оваа година за прв пат се донесе одлука за третирање по земјен пат, со надеж дека со овој метод ќе се постигне поголем ефект и превенција.
Предвидени се две третирања за ларвициди и три третирања против возрасни комарци на територијата на Југоисточниот регион со вкупна површина од 5.376 ха. Теренското третирање против ларви од комарци се врши со средство во вид на гранули кои се расфрлаат во плитка застоена вода и ваквото ларвицидно третирање не е штетно за луѓето, пчелните семејства ниту за домашните миленици.
Второто третирање против ларвицидни комарци е предвидено на крајот во овој месец, а додека третирањето на возрасните комарци ќе започне во периодот од 6ти до 11ти јуни.
Пред да се започне со третирање против возрасни комарци претходно ќе биде објавено известување од Центарот и општините со цел да се известат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.
No comment yet, add your voice below!