Skip to content

Потпишан договор со МЗШВ за подобрување на постојната патна инфраструктура во руралните средини во Југоисточниот плански регион

ДАТУМ

јуни 16, 2020

Категории

На 12.06.2020 година, Раководителот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Г-а Жулиета Ѓуркова заедно со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Г-н Трајан Димковски потпиша договор за реализација на проектот „Подобрување на постојната патна инфраструктура во руралните средини во Југоисточниот плански регион заради подобар пристап до земјоделските површини“, кој ќе се реализира во рамки на Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2020 година.

Проектот е со вкупна вредност од 1.575.580 денари, средства со кои ќе се обноват пристапни патишта до обработливите површини во четири општини од Југоисточниот плански регион, во општина Босилово, Богданци, Гевгелија и Ново Село и ќе се обезбеди пристап до вкупно 278 хектари плодно земјоделско земјиште.

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во наредниот период ќе добие и дополнителни средства со кои ќе се овозможи ревитализација на пристапни патишта до земјоделски површини и во други населени места со цел да се одговори на барањата и на другите општини во регионот, а кои се од големо значење за земјоделските производители во Југоисточниот плански регион.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy