Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, во рамките на своите надлежности што произлегуваат од Законот за рамномерен регионален развој, го отпочна процесот на изработка на среднорочниот плански документ – Програмата за развој на Југоисточниот плански регион 2020-2024, со тоа што на ден 06.10.2020 се одржа Воведната консултативна средба на засегнатите страни за изработка на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион 2020-2024.
Целта на воведната средба беше запознавање на учесниците со процесот и методологијата за изработка на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион 2020-2024. Средбата се одвиваше он-лине на платформата ЗООМ, каде активно беа вклучени околу 20-тина претставници од сите засегнати страни од регионот и тоа: претставници од десетте општини што му припаѓаат на регионот, претставници од јавниот сектор, приватниот сектор, граѓанските организации, академската заедница, како и други релевантни чинители од Југоисточниот плански регион.
Постапката за изработка на Програмата, е од особена важност за Југоисточниот плански регион и ќе се одвива во неколку фази, во согласност со Правилникот за методологијата за изработка на планските документи за регионален развој.
Процесот на изготвување на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион е поддржан преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, кој се спроведува со поддршка на од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка во Р.С.Македонија.
No comment yet, add your voice below!