На 23.06.2021 година (среда) се одржа дваесeт и осмата (XXVIII) Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион.
На седницата беше донесена Одлука за преотстапување на мост по проектот „Изградба на мост на река Турија на локален пат с. Просениково – с. Сарај“ финансиран од ПРРР за 2020 година, кој проект беше завршен во Март 2021 година, а општина Струмица учествуваше со кофинансирање на истиот.
Исто така беше донесена и Одлука за усвојување на Стратегијата за Биолошка разновидност и Акционен План за Југоисточен плански регион, реализирани во рамки на Проектот „Заеднички стратегии за заштита на биолошката разновидност и одржлив развој на билатералната мрежа на заштитени подрачја – COMBINE2PROTECT“, преку ИНТЕРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Република Северна Македонија, а имплементиран од страна на Центарот заедно со Универзитет “Аристотел” во Солун – Посебна единица за истражувачки фондови – Оддел за биологија, Грција, Државен инспекторат за животна средина, Р.С.Македонија, Регион на Западна Македонија, Грција. Донесувањето на оваа Одлука беше причина и за покренување на иницијатива за заштита на планината Беласица заедно со Моноспитското блато.
Советот за развој на Југоисточниот плански регион поради измени на Законот за Рамномерен Регионален Развој, имаше законска обврска да изврши измени и дополнување на Деловодникот на Советот, па од тие причини ја донесе и усвои Одлуката за усвојување на Деловник за работа на Советот за развој на Југоисточниот плански регион.
No comment yet, add your voice below!