На 01.12.2021 година во Струмица се одржа првиот Регионален саем на социјални претпријатија од Југоисточниот плански регион во организација на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион поддржан преку проектот „Поддршка на социјално претприемништво“ кој е финансиски поддржан од Европската Унија.
Саемот официјално го отвори Г. Жулиета Ѓуркова, Директор на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. “Во овој момент, социјалното претприемништво како концепт се’ уште е нов во нашата држава, но, подготвени сме да ги отвориме нашите срца и умови за учење на нови можности“ – истакна Г.Ѓуркова
Како домаќин со поздравно обраќање се обрати и Градоначалникот на општина Струмица, Г. Коста Костадинов, кој даде кратко видување за важноста на поврзаноста помеѓу локалната самоуправа и социјалните претпријатија, додека пак за идејата и почетоците на проектот говореше Тим Лидерот на проектот „Поддршка на социјалното претприемништво“, Г. Барбара Садовска од Полска.
Велат за да го поминеш патот на успехот, слушај ги приказните на успешните луѓе. Водејќи се по тоа мото на саемот беа презентирани и зачетоците на три најуспешни социјални претпријатија од регионот за развојот на нивната социјална мисија, и сето она кое го имаат постигнато до денес.
На крајот од саемот беше организирана панел дискусија на која беа дискутирани можностите за одржливост и раст на регионалните социјални претпријатија, преку обезбедување финансиска, менторска и друга поддршка од различни фондови. Додека пак преку изложбените штандови на околу дваесет потенцијални социјални претпријатија и невладини организации од Југоистониот плански регион, посетителите имаа можност да уживаат и да се запознаат со социјалната мисија, претприемачките идеи, нивните потенцијали како и можноста за идна меѓусебна соработка.
No comment yet, add your voice below!