На ден 22.12.2021 година Г-ѓа Жулиета Ѓуркова, Директорка на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и Г-н Рамиз Реџепи, Директор на Бирото за регионален развој потпишаа Договори за реализација на проекти во Југоисточниот плански регион во вкупна вредност од 50.824.125,00 денари, кои се обезбедени преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2021-2022 година.
Дополнително за овие проекти на 24.12.2021 година директорката на Центарот и Градоначалниците на општините од Југоисточниот плански регион, партнери во проектите, потпишаа Договори за партнерство во реализација на истите. Сопственото учество на општините во имплементација на овие проекти изнесува 16.685.954,00 денари, а вкупната вредност на проектите заедно со средствата од Биро за рамномерен регионален развој изнесува 67.510.079,00 денари. Ќе се реализираат следниве проекти:
- Збогатување на туристичка понуда во Југоисточниот плански регион во општините Дојран, Гевгелија, Валандово и Конче;
- Изградба на пристапен пат до регионалниот стационар за бездомни животни во општина Струмица;
- Изградба на локален пат од село Димјан до село Погулево во должина од 1927,81 м;
- Изградба на локален пат на релација с.Колешино-с.Босилово (III фаза).
Реализацијата на овие п роекти се очекува да започне на почетокот на 2022 година !
No comment yet, add your voice below!