На 02.02.2022 година Проектниот тим од проектот „Поддршка на социјално претприемништво“, Барбара Садовска, Сузана Трајковска Кочанковска и Ирина Јаневска во посета на Регионалната Канцеларија за социјално претпримеништво во Југоисточниот плански регион.
На состанокот се разговараше за досегашните активности имплементирани во рамки на проектот, идеи за бизнис модел на одржливост, можности за финансирање на потенцијалните социјални претпријатија од регионот како и за следните активности во рамки на проектот.
Како претставник на една од најпрепознатливите општествено одговорни компании во регионот, па и пошироко на состанокот беше поканета Данче Костова од компанијата Риверсофт, пред која се презентираа можностите за финансиска поддршка на бизнис секторот во делот на развој на потенцијалните социјални претпријатија од Југоисточниот плански регион.
По завршувањето на состанокот беше реализирана продуктивна посета во Црвен Крст Струмица и Етно Ресторан „Кај Виктор“. Овие две потенцијални социјални претпријатија служат за одличен пример на локално и регионално ниво бидејќи работат со сите категории на маргинализирани и социјално исклучени лица. Црвен Крст Струмица се грижат за ранливите категории, регрутират и обучуваат волонтери, обезбедуваат обука за здравствена превенција и нудат лична помош и грижа за стари лица. Додека пак Етно Ресторан „Кај Виктор“ работи под мотото „Сите сме исти, сите заслужуваме радост“ и обезбедува поддршка на лицата со аутизам каде преку готвење и организирање на најразлични активности преку кои им го прави животот поубав.
Посетата беше мошне продуктивна и истата резултираше соконкретни заклучоци, идеи и креативни решенија за идна плодна соработка , видливост и одржливост на Канцеларијата за социјално претприемништво, каде се разговараше за можностите кои би ги имале организациите во иднина, за креативни идеи и решенија како да прераснат во социјални претприемништва со зајакнати капацитети и на кој начин да ги прошират своите услуги и да се промовираат на пазарот на труд.
No comment yet, add your voice below!