На 23.03.2022 година во организација на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион беше одржан состанок на Министерството за животна средина и градоначалниците од овој регион како дел од активностите за изработка на Просторен план на Република Северна Македонија.
На оваа средба беа присутни заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска, градоначалниците и преставници на 10 општини од Југоисточниот плански регион.
Целта на средбата беше запознавање со процесот на изработка на Просторен план во Република Северна Македонија и присутните да земат активно учество и придонес во носењето на одлуките.
Планските региони се една од најзначајните засегнати страни и нивното учество во овој процес е значајно поради утврдувањето и респектирањето на регионалните преиоритети и специфики, со што ќе се постигне избалансиран развој. Од тие причини особено значајно е во процесот на изработка на Просторниот план активно да се вклучат и единиците на локалната самоуправа кои ќе ги обезбедат потребната документација, податоци и информации, со цел да се изработи план кој ќе придонесе во напорите за постигнување на рамномерен регионален развој во државата.
Целата постапка на изработка на Просторниот План, негово донесување и имплементација ќе биде транспарентна, демократска и инклузивна и ќе ги обедини сите засегнати страни кои се дел од политиката на планирање.
Добрата политика на планирање на просторот и заштита на јавниот интерес се обезбедува со одржливо користење на земјиштето, природните и создадени вредности и заштита на животната средина, што е основа на методологијата за изработка на просторниот план.
No comment yet, add your voice below!