Skip to content

ЦРЈИПР ОДРЖА РАБОТИЛНИЦА ЗА КЛАСТЕРИ

ДАТУМ

јуни 22, 2022

Категории

На 21.06.2022 година во просториите на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во рамки на проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“ Регионалната Канцеларија за социјално претприемништво од Југоисточниот плански регион, организираше работилница за кластери. На оваа работилница присуствуваа земјоделци од Југоисточниот регион, кои се занимаваат со одгледување на раноградинарски производи и овошје, како и органско производство.

Целта на работилницата беше да се запознаат учесниците со бенефитите од здружување на земјоделците во кластери и нивно организирање, како и вмрежување со институции за остварување на нивните цели.

Работилницата за кластери  ја водеше Невин Баран реномиран тренер од Турција која имa помогнато на над 300 мали и средни претпријатија, 9 веќе постоечки кластери и бројни новоформирани не само во Турција, туку и во Кипар, Романија, Бугарија, Македонија, Косово, Грузија и Монголија и во најмалку развиените региони.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy