Skip to content

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА РАЗВОЈ НА ЈИПР

ДАТУМ

септември 20, 2022

Категории

Врз основа на член 22 и член 23 од Законот за работни односи („Сл.весник на Р.С.М.“ бр. 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и 120/18) и „Сл.весник на Р.С.М.“ бр.110/19, 267/20, 151/21 и 288/21) и согласно член 26 став 8, став 9, став 10, став 11, став 13, член 27 став 1 од Законот за рамномерен регионален развој („Сл.весник на Р.С.М.“ бр.24/2021 и 174/21), како и согласно член 2 од Одлуката за распишување на јавен оглас за директор од седницата на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, бр.08-302/8 од 22.07.2022 година, објавува

 

ОГЛАС

За избор на Директор на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион – 1 извршител на определено време за период од 4 години

 

За директор на Центарот може да биде избрано лице кое ги исполнува следните услови:

 – да е државјанин на Република Северна Македонија,

– во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција

забрана за вршење професија, дејност или должност,

– да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС, односно завршен VII/1 степен образование од областа на правните, економските или техничките науки,

– да има работно искуство од најмалку пет години од кои најмалку две години со управување со развојни проекти во

областа на локалниот и регионалниот развој,

– да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати за познавање на англиски јазик не постар од две години:

а) ТОЕФЕЛ (TOEFL) со најмалку 74 бода,

б) ИЕЛТС (IELTS) со најмалку 6 бода,

в) ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) со најмалку Б2 ниво,

г) ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,

д) БУЛАТС (BULATS) со најмалку 60 бода или

ѓ) АПТИС (APTIS) – најмалку ниво Б2 (B2) и

– активно познавање на програми за компјутерско работење.

Покрај наведените услови за вработување предвидени со Законот за рамномерен регионален развој, кандидатот потребно е да ги исполнува и останатите општи услови за вработување предвидени со Законот за работни односи (да е полнолетен, активно да го користи македонскиот јазик, да има општа здравствена способност за работно место).

 

Потребни документи за аплицирање:

Кандидатите треба да приложат:

  • Уверение за Државјанство на Република Северна Македонија;
  • Уверение со правосилна судска пресуда дека не му е изречена казна или прекрошочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност;
  • Биографија (CV);
  • Заверен препис на уверение-диплома за завршено образование;
  • Доказ за работно искуство, копии од документи кои го потврдуваат стекнатото работно искуство;
  • Меѓународно признат сертификат за познавање на англиски јазик не постар од две години;
  • Сертификат/диплома за познавање на компјутерско работење;
  • Лекарско уверение како доказ за општа здравствена состојба за работно место. 

Мандатот на Директорот на Центарот е 4 (четири) години, со право на повторен избор.

Огласот е отворен 8 (осум) работни дена од денот на објавувањето, вклучувајќи го и денот на објавувањето на огласот.

Работни часови неделно:40;  Работно време од 08:00 до 16:00;

Работни денови: од понеделник до петок;

 

Пријавите за вработување со потребните документи да се достават до Архивата на Советот за развој на Југоисточниот плански регион – Струмица, на адреса ул.„Бул. Маршал Тито“ бр.1-1 2400 Струмица.

Лице за контакт: Ивана Крстев тел.: 071 221 132.

 

                                                                                 Совет за развој на

Југоисточниот плански регион

                      Претседател,

                Андон Сарамандов

Јавниот повик е достапен на следниот линк Јавен оглас за избор на Директор на ЦРЈИПР

 

 

 

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy