Успешно завршија трите дводневни обуки во Република Бугарија, предвидени во активностите на проектот „Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“ финансиран од Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Бугарија и Р. Северна Македонија 2014-2020, проект кој Центарот за развој на Југоисточниот плански регион го спроведува во партнерство со Асоцијацијата на Југозападни општини, Благовеград, Република Бугарија.
Во следниот период претстои одржување на преостанатите три дводневни специјализрани обуки во Република С.Македонија, со распоред на реализирање:
- 10-11 Ноември, 2022 година (четврта специјализирана обука);
- 24-25 Ноември, 2022 година (петта специјализирана обука);
- 28-29 Ноември, 2022 година (шеста – финална специјализирана обука).
Пожарникарите и доброволците од југозападот на соседна Бугарија ќе имат можност заедно со своите колеги од регионот да си ги измерат своите сили низ практични вежби на планината Огражден, во спасувачка акција во зградата на поранешната Касарна во Струмица како и финален натпревар и завршна конференција на која на учесниците ќе им бидат доделени сертификати за учество во шесте обуки.
No comment yet, add your voice below!